Хо ши мин – виетнамскиот Менхетен, се развива со толку брзо темпо, што итно е потребна зелена стратегија, која ќе спречи градот да се претвори во бетонска џунгла.
Vo Trong Nghia Аrchitects – познати по своите еколошки проекти, дизајнираа три нови кули во Хо ши мин, соединети од мост, кој што се наоѓа на покривот на трите згради.
Покрај обилното зеленило на мостот, по вертикала на кулите Diamond Lotus има бројни воздушни градини со бамбусови дрва и друга вегетација, што открива пред секој стан уникатен “зелен” поглед.
Трите кули Diamond Lotus во кои има вкупно 720 станови лоцирани на 22 нивоа, се изградени на парцела од 8.400 квадратни метри, кои се наоѓаат во непосредна близина на реката Сајгон и само 3 километри од центарот на градот, во кој живеат над 3,5 милиони луѓе.