Седнува жена ми до мене на каучот, додека јас разгледувам што има по каналите, и ме прашува: “Што има на телевизорот ? ”
Јас велам: “Прашина”.
И расправијата започна …
Додека со жена ми гледаме “Кој сака да стане милионер”, се свртев кон неа и ја прашав: “Сакаш ли да имаме секс ? ”
“Не”, рече таа.
И тогаш додадов: “Тоа е твојот конечен одговор?”
Таа дури не ме погледна и рече: “Да.”
И реков: “Тогаш ќе се јавам на пријател.”
И расправијата започна …
Минатата сабота, рано наутро, станав тивко, се облеков, направив ручек и тивко отидов во гаражата.
Го закачив чамецот врз автомобилот и полека тргнав. Имаше силен ветер.
Го вклучив радиото на автомобилот и во тој момент рекоа дека целиот ден времето ќе е лошо …
Се вратив назад во куќата, тивко се соблеков и легнав во кревет .
Ја погалив жена ми по грбот и притоа и шепнав: ” Времето надвор е ужасно! ”
Таа одговори: “Замисли, и мојот глупав сопруг отиде на риба во тоа време?”
И така започна расправијата …
Кога стигнав синоќа дома, жена ми инсистираше да ја однесам на некое место каде што е скапо. Ја однесов на бензинската пумпа .
И така започна расправијата …
Жена ми стоеше гола во спалната соба, гледајќи се во огледалото. Не беше задоволна од она што го гледа, и ми вели: “Се чувствувам ужасно. Изгледам дебело и грдо. Навистина имам потреба да ми дадеш комплимент. ” Јас и реков: “Видот ти е речиси совршен!” И така започна расправијата …