Како и за кого настанала „Македонско девојче“? (ВИДЕО)

Седеле така Јонче Христовски, Кочо Петровски, Виолета Томовска и други македонски музичари, на 4 февруари во далечната 1967 година, на веселба по повод првиот роденден на малата Невенка. Одеднаш, низ муабет, им светнало дека никогаш немаат направено песна за македонското девојче (т.е. убавината на македонската жена), па фатиле на лице место да компонираат. Песната биднала, прераснувајќи во најубавиот можен подарок за мајката на малата Невенка – Виолета Томовска.

Во април истата година, Виолета Томовска и Кирил Манчевски премиерно ја изведуваат песната „Македонско девојче“.

Денес, 52 години подоцна, „малата“ Невенка Росоманова – Томовска е порасната во прекрасна македонска жена и е посебно горда што токму таа е инспирација за една од најголемите и најдраги македонски песни, во историјата.

 

- Реклама -