Како всушност изгледал Исус?

Christ-Icon-with-Lampade[1]

Периодов, актуелен беше еден извештај од реконструкција на она што го нарекуваат „лицето на Исус“. А всушност, се работи за проект на британскиот анатомски уметник Ричард Нив, стар повеќе од една декада. Намерата на неговата реконструкција не е прецизно да покаже како изгледал Исус, туку да демонстрира како изгледал просечен Јудеец во првиот век на нашата ера. Сеедно, извештајот повторно доби на популарност, со оглед на тоа дека светот прославува Божиќ.

Сепак, иако оваа импресија (темнокос, темнокож човек со кафени очи и нос што изгледа како да е обликуван од долг период на физичка работа) веројатно не е идентична со физичкиот изглед на историскиот Исус, веројатно е многу поблиска до реалната слика од онаа што постојано се појавува во популарната култура.

„Западниот“ Исус има типичен европски изглед: долга, светла коса, бледа кожа без брчки и кротко лице. Но, со какви докази располагаме, кои би можеле да поддржат било каква реконструкција на лицето на историскиот Исус?

image-20151219-27887-1hkkxe[1]

Непрепознатливо лице

Прашањето е комплицирано пред сé заради отсуството на било каков опис на неговите физички карактеристики во раните христијански текстови. Не дека изгледот не бил важен во антиката – на пример, во еден наратив од третиот век („Делата на Павле и Текла“), имаме прилично детален опис на физичкиот изглед на апостолот Павле: „човек со низок раст, со ретка коса, кривулест во нозете, со тело во добра форма, со споени веѓи и помалку кукаст нос, полн со милост – некогаш изгледа како човек, а некогаш има лице на ангел“.

Од друга страна, кога Исус се појавува во литературата, се чини дека луѓето не се способни да го препознаат, дури ни во Новиот Завет. Наводно, во евангелието по Јован има два такви примера: Прво, Марија, кога оди да го бара телото на Исус по неговото распнување, го помешува со еден градинар; дури кога ќе му го чуе гласот таа препознава дека човекот е Исус. Потоа, по воскреснувањето, Исус се сретнува со неговите апостоли додека рибарат. Повторно, тие не го препознаваат кога ќе го видат.

Една од карактеристиките на Исус во доцната христијанска литература е дека тој на своите следбеници им се појавува во многу различни форми.

Со кратка коса и без брада

Најраните слики што ги имаме од Исус доаѓаат од фреските насликани на ѕидовите на катакомбите и каменорезите наменети за украсување на камените ковчези. Генерално потекнуваат од третиот век, околу 200 години по Исусовата смрт, така што ниту една од нив не била направена како резултат на директно сведоштво на живиот Исус.

Оваа фреска, насликана на ѕидот на црква од третиот век во Dura Europus, Сирија, ја покажува приказната во која божјиот син исцелува парализиран човек. Иако е тешко да се видат деталите на лицето, јасно е дека Исус е претставен со кратка коса и без брада.

image-20151219-27884-1kqdkty[1]

Секогаш „модерен“

„Еволуцијата“ на нашата претстава за Исус открива прилично многу за тоа како неговите портрети почнале да егзистираат во раните христијански заедници. Исус носи наметка типична за Римјаните: туника со палиум. Неговиот надворешен изглед, без оглед на фацијалните карактеристики, е еквивалентен на замислата за тоа како би требало да изгледа угледен маж во Стариот Рим.

Како што христијанските цркви растеле и се ширеле, луѓето почнале да создаваат икони, слики од свети мажи и жени. Овие икони не биле само декорации, туку и предмети на длабока почит и уважение. Најстарата преживеана икона што го отсликува Исус доаѓа од шестиот век од н.е. (на сликата).

image-20151219-27890-9y1jv[1]

Оттука и зачетокот на традицијата Исус да биде претставуван како долгокос човек со бледа кожа и брада. Тој исто така носи темнокафена руба типична за монашките заедници, што пак ја илустрира промената воопштите вредности имплементирани во сликите со Исус.

Еден од најочигледните заклучоци од овие најрани обиди да се претстави неговиот лик, е дека Исус е замислен во согласност со општествените норми и очекувања за тоа како луѓето би требало да изгледаат.

Ќе знаеме ли некогаш?

На крајот, зошто воопшто го поставуваме ова прашање, како изгледал Исус?

Желбата да го знаеме неговиот лик не е стриктно пост-модерна потрага; во 19-от век, во „Искушението на Свети Антониј“, Густав Флобер го замислува Антониј лично како жеден за способноста да го визуелизира својот спасител.

Исус станува сé поубав и поубав.
Исус станува сé поубав и поубав.

Денешната имагинација го претставува Исус соодветно со она што Западот го смета за норматив кај машката убавина. Тоа важи не само за официјалните црквени портрети, туку и за феноменот на пареидолија, при кој ликот на Исус (или други светци) „се јавува“ на буквално секакви места, од печени лепчиња па до птичји измет на шофершајбната. Од друга страна, сé почесто се јавуваат реимагинации на ликот на Исус кои соодветствуваат на (поново)прифатениот диверзитет меѓу луѓето (црн Исус, геј Исус, Исус-жена и сл.). Згора на тоа, денешното општество високо ја вреднува науката и внимателниот процес на доаѓање до научни откритија, па оттаму и посветува внимание на реконструкции како онаа со просечниот Јудеец од првиот век.

Па, ќе знаеме ли некогаш како навистина изгледал Исус? Не знаеме. А важно ли е?

- Реклама -