Како се поместуваат внатрешните органи за време на бременоста (тајмлапс)

Во текот на 40-неделната бременост, телото на жената е изложено на огромни промени. Како што детето расте, тоа зафаќа сé повеќе и повеќе простор во својата мајка. Тоа води до растење на стомакот, нели, но и до голем притисок врз внатрешните органи, кои како резултат се поместуваат. Неретко, тоа се непријатни моменти за мајката.

Поместувањето на органите може да изгледа многу драматично, особено ако тие движења се снимаат во текот на сите девет месеци од бременоста, како што е прикажано во тајмлапс видеото прикажано на изложбата во Музејот за наука и индустрија во Чикаго. Сето тоа сведено во неколку секунди, и станува јасно каква совршена машина е човечкото тело.

На пример, во периодот od 5-8 недели, мочниот меур веќе е притиснат до степен на само дел од неговата оригинална големина, што ја објаснува таа силна потреба да се уринира на секои пет минути.

Во периодот од 9 до 12 недели станува уште поинтересно. Дури и ако на жената ѝ се познава испакнување на стомакот, тоа ќе биде мало, бидејќи матката ги притиска цревата за да направи место. Премотано напред до 40-тата недела, тие црева веќе „ги нема“. Затоа е толку тешко да се јаде во седечка позиција.

До третиот семестар, црниот дроб и белите дробови веќе се притиснати од стомакот и цревата, кои оригинално би требало да се наоѓаат неколку сантиметри подолу. Затоа се јавува тоа познато чувство на губење на здивот кое почнува околу 31-та недела…

Интерактивната симулација можете да ја видите ТУКА.

- Реклама -