Како тргнал, сексот ќе изумре до 2040-та

Статистиката вели дека во последните години луѓето сé помалку имаат секс.

Признале или не, сите го сакаат. Најгледани се ТВ програмите во кои има еротика и порнографија, најчитана е голотијата, сексот рекламира и продава производи… А сепак, реално, луѓето сé помалку го имаат.

Дејвид Шпигелхалтер – професор по Статистичка процена на ризик на универзитетот во Кембриџ, подробно се занимава со овој феномен. Во своето истражување тој открива дека денешните Британци имаат значајно помалку секс отколку пред само 20 години.

Во просек, денес се води љубов 4 пати неделно. Во 90-те години, нормата била 5, па и 6 пати. Притоа, најпогодени се младите. Луѓето во средно доба релативно добро се држат близу просекот.

„Едно од можните објаснувања е тоа што денес имаме речиси дупло повеќе едночлени домаќинства и луѓе кои не живеат со своите партнери. Но, нашите резултати покажуваат дека зачестеноста на сексуалните односи подеднакво опаѓа и кај оние кои живеат под ист покрив“, вели Шпигелхалтер.

Според него, во иднина, сé повеќе и повеќе нешта ќе ни го одземаат драгоценото време и ќе ни го заробуваат вниманието, што значи дека сексот ќе ни станува сé помалку важен.

„Иако живееме во ера во која стварноста е посексуализирана од било кога во историјата, всушност водиме љубов сé поретко. Ако овој тренд продолжи, може да се предвиди дека просечниот човек во 2040-та година воопшто ќе нема секс“, прогнозира искусниот статистичар.

- Реклама -