Плодните денови се оние во кои жената најлесно може да забремени. Дознајте на кој начин да ги пресметате плодните денови во зависност од должината на траење на циклусот.
Олодувањето кај здравите жени е можно само неколку дена во текот на циклусот, а само два се најплодни. Тие се пресметуваат во зависност од траењето на женскиот циклус, но запаметете дека и тој варира и се менува со годините.
Кој период се пресметува како плоден?
За плодни денови обично се сметаат четирите дена пред овулацијата и трите дена по овулацијата иако најплодни денови се самиот ден на овулацијата и денот пред и денот после неа. Повеќето бремености се резултат на сексуален однос кој се случил три дена пред, на денот или денот по овулацијата. Сперматозоидите во телото може да преживеат 3-5 денови, а јајце клетките до 24 часа, затоа плодните денови траат и до седум денови.
Ако пресметувате од првиот ден на менструацијата, под претпоставка дека имате уреден циклус кој трае 28 дена, плодни денови ви се 11,12,13,14,15,16 и 17 ден. Со тоа што 13,14 и 15 се најплодни.
Како точно да ги пресметате плодните денови?
Ако жената има уреден менструален циклус (период од првиот ден од една менструација до првиот ден на следната) со траење од 26 до 34 денови, тогаш плодните денови може да ги пресметаме на следниот начин:
-од најкраткиот забележан циклус се одбиваат 18 за да се добие првиот плоден циклус. Од најдолгиот циклус се одбиваат 11 за да се добие последниот плоден ден од циклусот. Во правилниот 28-дневен циклус плодни денови се од 10-тиот до 17-тиот.
28 – 18 = 10 ден (почеток на плодните денови)
28 – 11 = 17 ден (завршување на плодните денови)
Друг пример: жената има циклуси од 28 до 32 денови. Така 28 – 18 = 10, 32 – 11 = 21 и плодните денови значи теориски се од 10 до 21 ден.