Наместо да биде оставен, заборавен некаде, стар и искинат, на англиско-јапонски речник од 1.000 страници му е даден нов живот, откако неговиот сопственик му го даде на Нобуо Окано – јапонски мајстор занаетчија кој поминал 30 години усовршувајќи ја уметноста за обновување на стари книги.
Неговиот процес беше детално покажан на јапонско шоу „Фантастичен занаетчија“ (Shuri, Bakaseru). Најмакотрпниот дел е веројатно кога тој треба индивидуално да го одвиткува секое превиткување во аголот на листот со пинцета и пегла. Прочитајте повеќе за процесот.
Нобуо Окано обновува книги цели 30 години.

Еден човек донесе стар, англиско- јапонски речник од 1.000 страници.

Тој го користел речникот во својата младост и сега сака да го обнови и да го даде на својата ќерка.

Нобуо започнува со отстранување на стариот лепак од крајот на книгата каде се залепени страниците.

Книгата има мапи кои се многу оштетени, па Ноубо ги залепи за нови листови хартија.

Бојата не се совпаѓа совршено, но може да ги заштити од понатамошно оштетување.

Најмонотониот дел е зацврстувањето на секој агол на страната со пинцета…

…и потоа израмнување со пегла.

Дури има и специјална мала пегла за таа работа.

Сопсевеникот ги напишал иницијалите на неговата симпатија од средно училиште со мастило.

Користејќи машина за сечење хартија, Окано ја отстранува бојата од рабовите.

Нови, свежи страници!

И, на крај, корицата на книгата, со оригиналниот наслов на сосема нова позадина.





