Чиле е еден од главните производители на литиум во светот. Литиумот се користи во батериите на смартфоните, лаптоп компјутерите, како и во батериите на електричните автомобили. Во батеријата на еден смартфон има отприлика околу една супена лажица литиум. Во батеријата на автомобил на Tesla може да има и до 10-15 кила.
За да видите како се добива т.е. извлекува од земјата, придужете му се на новинарот на Bloomberg – Ешли Ванс, во посета на рударскиот гигант SQM во пустината Атакама.
Ако ги тргнеме еколошките последици настрана (еколозите не се баш фанови на извлекувањето на литиум), освен што можеме слободно да речеме дека овие рудници го вртат денешниот свет, со право можеме да ги оцениме и како мерак за очи.
Патем, заради подемот на продажбата на Tesla, SQM има намера да ги удвои капацитетите.