Како се станува таксист во Лондон? Многу, многу тешко

Потенцијалната годишна плата за таксистите во Лондон е над 40.000 фунти годишно. Ама за да станеш таксист треба да се окозиш од учење.

Го следиме примерот на 33-годишниот Евертон – возач на автобус од источен Лондон. Евертон треба да положи 4 фази на тестови за да добие лиценца да работи како таксист. Се спрема со учење по над 35 часа неделно. Почнал да учи пред 18 месеци.

Лондон има 25.000 улици. Има 100.000 знаменитости. Евертон треба да знае да ги посочи – да ја знае точната адреса на двете произволно одбрани локации за кои ќе го праша регрутерката.

После те прашуваат одредена рута. Мораш да ги знаеш сите улици попат и да ја посочиш најдиректната рута по која ќе се движиш, без двоумење, во стилот на „вртам лево на Илинденска, па десно на Рузвелтова“. Ако по грешка „свртиш“ во погрешен правец, или не дај боже во еднонасочна улица, автоматски се поздравуваш со професијата лондонски таксист. Ако не згрешиш – честитки! Си ја поминал првата фаза.

Прочитајте и:  Воодушевувачка фатаморгана: Како сликите на Моне го сменија начинот на кој го гледаме Лондон

- Реклама -