Како се смени гледањето порно во последниве 10 години

Минатата недела, Pornhub наполни 10 години. За да ја прослави декадата помината во етерот, порно гигантот објави дел од своите статистики околу гледачките навики на своите корисници. Меѓу другото, статистиките нудат и увид во тоа како се промени (гледањето на) порното од 2007-ма наваму.

Најгледани

Од 2007 до 2010-та, најгледана категорија била amateur, во 2011-та била Teen 18+, од 2012-та до 2014-та била MILF, а последниве три години е lesbian. 

Во 2007-ма имало околу еден милион посети на сајтот дневно. Сега се 75 милиони.

Најприкачувани

Само три категории имаат повеќе од милион аплоудирања: amateur, gay, и blowjob. Четврти и петти се hardcore and teen (18+).

Во 2007-ма, кога е лансиран Pornhub, на сајтот имало само 134 часа видео содржина. Сега има 3500 пати повеќе. Во 2016-та, се прикачени огромни 476.291 часа (54 години) видео материјал. Вкупно има околу 10 милиони видеа, односно 1.5 милион часови видео содржина. Ќе ви требаат околу 173 години за да ги изгледате сите.

Од тие 10 милиони видеа, 2.8 милиони се тагирани со amateur.

Оставени се вкупно 6.9 милиони коментари.

Колку „траат“ корисниците

Има три можни објаснувања. Едното е дека порното е „поефикасно“ од порано. Друготот е дека луѓето имаат помалку време на располагање од пред 10 години. Третата е дека интернетот е побрз (не се чека за loading како порано).

Како и да е, просечното време на гледаност на сајтот е падната од 13 минути и 46 секунди – на 9 минути и 46 секунди.

Променет е и начинот на кој се гледа порно. Да бидеме попрецизни – променета е платформата: во 2007-ма се гледаше порно исклучиво на декстоп компјутер. Pornhub го лансираше својот мобилен сајт во 2008 година, а тогаш само 1% гледаа порно на телефони. Сега на телефон гледаат дури 75% од луѓето.

- Реклама -