Оваа недела, Индија и Пакистан одбележуваат 70 години од осамостојувањето од Велика Британија.
Financial Times приложи пар интересни податоци кои во одредена мера укажуваат на промените во двете земји (и Бангладеш со нив) кои се случија во текот на овие седум декади.
На пример, при остварувањето на независност, макроекономијата на Индија достигнуваше околу 15% од таа на САД. Денес ситуацијата е многу подобра, достигнувајќи ниво од околу 50% од таа на САД.
Во Пакистан и Бангладеш (земјата се оддели од Пакистан во 1972 година), градското население ќе го надмине бројот на жители во руралните региони уште во 2030-та година. Во Индија тоа ќе се случи подоцна, кон средината на веков.
Индискиот главен град Делхи има потенцијал да го преземе приматот на најнаселен град во светот од Токио за околу две децении. Дака (главниот град на Бангладеш) и Лахор (вториот најголем град во Пакистан), пак, ќе влезат во 10-те најголеми градови во светот до 2030-та година, надминувајќи го Њујорк.
Во годините по осамостојувањето на Индија од Велика Британија, просечниот очекуван животен век изнесуваше одвај 32 години. Сега е далеку подобро, со средна очекувана должина на животот од 68 години. Во Пакистан е 66 години, а во Бангладеш – 72.
Во годината на осамостојувањето на Индија, земјата имаше 84.000 телефонски линии на население од 350 милиони луѓе. Пакистан, пак, имаше 4.000 телефонски линии на население од 75 милиони. Денес, 80 од 100 Индијци имаат мобилен телефон со телефонска линија. Во Пакистан се 70 на секои 100.