Во Босна, ќебапите се јадат со јогурт, кисело млеко или кефир
Сараевските ќебапи се познат специјалитет во чие совршенство од вкусови уживаат како жителите на Босна и Херцеговина, така и бројните туристи.
Долги се од 4 до 12 сантиметри, а се служат во лепче, односно во сомун. По желба, можете да го прелиете лепчето со посебен месен сок кој дава единствена арома.
Приготвување на ќебапите: Исечкајте го месото на ситни парчиња, па измелете го два пати. Исечкајте лук, така што ќе излезе сокот, па измешајте го со месото. Додајте зачини, кајмак и минерална вода. Добро измешајте ја смесата, па оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер. Обликувајте ги ќебапите со рака, на должина помеѓу 4 и 12 сантиметри. Пржете ги на скара, а на крај, прелејте ги со месен сок.
Приготвување на сосот: Ставете зачини во сад, а потоа додајте малку масло Врз тоа сипете бујон и вода, па оставете да зоврие. Совет за месниот сок: Ставете половина говедска коцка за супа во 2 децилитри вода и загрејте ја во микробранова на 500 W 1-2 минути.