Како се победува непобедливата желба за слатки?

Пешачењето во текот на само 15 минути може да им помогне на луѓето со прекумерна тежина ја надминат моментално силната желба за висококалорична храна.
Истражувањето на специјалисти од Универзитетот на Инсбрук опфатило 47 лица со прекумерна тежина на средна возраст од 28 години.

Истражувачите набљудувале како 15-минутното пешачење, влијае врз ненадминливата желба кон слатките задоволства. Однесувањето на учесниците беше споредено со она на поединци од контролната група, кои во истиот период не правеле ништо. Експериментот покажа дека кај учесниците кои пешачеле, ненадминливата желба за слатко суштински се намалува. Резултатите од истражувањето покажуваат дека одењето може да се користи како стратегија против моменталниот апетит за слатки искушенија.

Според Светската здравствена организација речиси 2 милијарди луѓе во светот имаат прекумерна тежина или се дебели, што ги изложува на зголемен ризик од прерана смрт, респираторни проблеми, кардиоваскуларни болести, дијабетес, висок крвен притисок  и психолошки проблеми.

- Реклама -