Иако повеќе пати му избега Оскарот од рацете, Леонардо Дикаприо докажа дека може да толкува најразлични тешки улоги. Неодамна се појави видео на кое е прикажано како Леонардо се менува низ годините.
Интересно е тоа што актерот повеќепати одби да игра во филмови за суперхерои, а своевремено ја одби улогата да го игра Анакин Скајвокер во првите три Star Wars епизоди. Актерот потврди дека се состанал со Џорџ Лукас и разговарале за улогата во филмот Star Wars Episode II и Star Wars Episode III. Откако Леонардо ја одбил улогата, на крајот ја добил Хајден Кристенсен.
Лео исто откри дека ја одбил можноста да го игра Робин во филмот Batman Forever и Spider-Man што подоцна ја доби Тоби Мегваер.
Актерот сепак не ја отфрла можноста во иднина да заигра некој суперхерој.
-Никогаш не се знае. Стануваат се подобри кога станува збор за комплексноста на ликовите во тој тип на филмови. Така што, не отфрлам однапред ништо.