Како Роналд Реган ја спаси панк културата

regan

Американските панкери на истекот на 70-тите и почетокот од 80-тите имаа прилично јасно дефиниран список на тоа што им одеше на живци: хипиците, силеџиите, родителите и секој друг што беше недоволно незадоволен од генералниот концепт на постоењето. Сепак, нивниот гнев немаше баш конкретна цел и беше распрснат во многу насоки. И тогаш, на 29 јануари 1981 година, се појави панк-Месијата – Роналд Реган. Во него, американската панк сцена најде и достоен непријател и катализатор во едно. А Реган беше филмска ѕвезда (меѓу другото) и практично стереотип за сите конзервативци од 50-тите. Неговата десничарска реторика и 8-годишниот мандат ја снабди американската хардкор сцена со доволно омраза и презир за да трае уште цела една деценија.

zasto-je-ronald-regan-nesto-najbolje-sto-je-zadesilo-pank-1459521987-crop_desktop[1]Тешко е да се издвои по што најмногу го мразеа, но воглавно е начинот на кој ги „изработи“ сиромашните, долгиот историски прогон на левичарските активисти и начинот на кој неговиот јавен имиџ, а и имиџот на неговата сопруга – која актвино се противеше на феминизмот и дрогите, го претвори во совршено заштитно лице на лажниот „Американски сон“. Што и да беше коренот на омразата, набрзо изроди цел еден субжанр на анти-регановски панк химни.

На пример, песната Fucked Up Ronnie на канадските пионери DOA, објавена во 1981 година, или Hey Ronnie на вашингтонските Government Issue, или Reaganomics на тексашките D.R.I. или If Reagan Played Disco на калифорниските Minutemen или… океј сфативте. Не остана поштедена ни Ненси Реган, која блесна во песни од типот на I’m In Love With Nancy Reagan на групата ТМА од Њу Џерси.

Напливот се основаше на идејата дека ако панкерите доволно гласно викаат како ќе ја ебат Првата дама (простете на израз), тоа само по себе ќе биде доволно за промена. Сепак, некои други бендови беа и поексплицитно политички ангажирани, а некои од нив и поексплицитни во изразот. Џело Биафра и неговите Dead Kennedys, на пример, ја користеа секоја можна прилика да го сотрат лажното чувство на сигурност кое Реган го делеше како флаери во Трговски, нарекувајќи го фашистички воен подбуцнувач и посветувајќи му и многу погрди навреди. Истиов овој бенд предводеше и низа концерти под насловот „Рок против Реган“, одржани во 1984 година.

Беше лесно да се мрази претседателот заслужен за драстична фискална политика, анти-комунистичка хајка, инвазија на Гренада и мешање во туѓи влади – панкерите и онака секогаш ја преиспитуваат власта, особено таа на која добро и стојат нацистички хитлерови бркчиња, ѓаволски рогови на главата и кукаст крст на ракавите. Ама кога Реган во 1984 година го освои и вториот мандат, пожарот од немир што го запали како да потстивна – изгледаше дека хардкор сцената сфати дека бесот сам по себе нема да го симне од власт; другата можност е дека ѝ снема текстови… Дури и бендови како Wasted Youth од Лос Анџелес, кои дебитираа со албум насловен Reagan’s In, почнаа да штанцаат безгрижни и налицкани плоч. Во прошталниот албум Bedtime for Democracy, Dead Kennedys повторно приредија тирада насочена против Реган, но веќе на многумина тоа им изгледаше како бледо повторување. Општествената свест во хардкорот како да сe измори и се стиши кон крајот на 80-тите, кога приматот го презема стрејт еџ културата.

Можеби и од денешен аспект омразата кон Реган делува застарено, но токму овие бендови ја спасија и освежија протестната песна, која во 80-тите се претвори во ништо повеќе од беззаби будалаштини. Реган остави срање наместо наследство, ама како е можно до крај да се мрази лик што инспирираше песни како Reagan Youth од Reagan Youth, White House од Sector 4 или Hinkley Had a Vision од Crucifucks? Сепак, тие двајца панкери што ги има денес во САД имаат простор да билдаат надежи. Со оглед на можноста Доналд Трамп да стане претседател, со сé својот расизам, лаги и заговори за тортура, можеби нова панк револуција е на повидок.

Vice

- Реклама -