Џенифер Анистон веќе долги години е на врвот на популарноста и отсекогаш ги привлекувала погледите со убавата коса – што не е нездраво долга, но затоа е многу густа.
Самата актерка признава дека сака да се грижи за својата коса без непотребни трошоци и бројна козметика.
Првото и основно правило на Џен е „никогаш не ја чешлајте косата додека е мокра!“.
Мократа коса е еластична и ранлива. Поради силата на чешелот или четката, влакното се растегнува, се менува и истенчува. Затоа секогаш почекајте косата да се исуши пред да ја расчешлате. При мазнењето започнете од рабовите.
Анистон исто така потсетува дека врвовите на косата треба да се одржуваат редовно. Актерката од време на време ги крати на фризер со „жешки ножици“ . Впрочем, во врска со оваа техника се водат бурни спорови меѓу фризерите. Некои велат дека процедурата и дава на косата беспрекорен изглед, додека други се сигурни дека „жешките ножици“ се апсолутно бескорисни и не создаваат поинаков ефект од вообичаеното кастрење.