Како поскапо да се продаде користен автомобил

Не само купувањето, туку и продажбата на автомобил исто така може да биде тешка задача, а постои цела низа на работи кои можат да ја зголемат цената на вашиот лимен љубимец.

Само неколку поминати километри ја намалуваат вредноста на автомобилот, кој доживува драстичен пад. Таков зачудувачки пад продолжува и во текот на првите шест години така што во тој период автомобилот губи и до 65 проценти од својата вредност. Потоа, падот на вредноста чувстително забавува така што во следните шест години автомобилот губи само уште 25 проценти од вредноста.

Поради тоа автомобилот најдобро се исплати да биде продаден дури откако ќе наполни 12 години. Сепак, многумина се решаваат да го продадат порано бидејќи се плашат од дефект на старите возила. Вистината е дека трошоците за поправање на возилото растат како поминува времето, но иако по правило се работи за неколку стотици евра годишно тоа е уште многу помалку од трошоците за купување и губење на вредноста на новиот автомобил.

Стариот автомобил во правило се иплаќа да се поправи сè до границата кога цената на поправањето преминува околу 50, 60 проценти од неговата преостаната вредност. Исто така истражувањата покажаа дека разубавувањето на автомобилот, поправките на малите ситни оштетувања и трошоците за поправка и сервис во правило не се одразуваат премногу на цена на користен автомобил кога се продава.

Губење на вредност Во првите пет години автомобилите губат до 65% од вредноста. Значи, кој продава автомобил стар до пет години најмногу губи.

Помалку дефекти Современите автомобили се составени од околу 20.000 делови, но тие се помалку подложни на дефекти отколку пред 20 години.

Свежа регистрација Во добра состојба, цената на користен автомобил најмногу се зголемува кога се продава со подолга важечка регистрација.

„Скапи“ поправки Трошоците за неколку стотици евра за поправки годишно уште се пониски од трошоците за купување на нов автомобил.

Не треба ниту да се каже дека е нужно автомобилот да нема вдлабнатини или гребнатини, бидејќи веднаш губи на цена. Во однос на километражата, идеално е автомобилот да се продаде додека не поминал 100.000 километри. Исто така, треба да се сервисира на секои 20.000 километри или еднаш годишно.

Во овој контекст, идеално време да се продаде автомобилот по максимална цена е по три години употреба, под услов да не поминал 100.000 километри.

- Реклама -