Како платнените чевли да ги направите водоотпорни?

Колку пати ви се случило да тргнете на работа или на прошетка, ги облекувате омилените платнени чевли и ве фатил ненадеен дожд?

Но, благодарение на овој едноставен трик повеќе не мора да се грижите дали дождот ќе ви ги уништи вашите омилени пролетни чевли.

Потребно ви е:

– Платнени чевли или патики

– Пчеличен восок

– Ракавици (гумени, платнени или најлонски)

– Фен за коса

Подготовка:

1. Ставете ги ракавиците, земете го восокот и со него тријте го целото платно на чевлите.

2. На платното ќе остане бела трага како од сапун.

3. Со фенот за коса сушете ги околу 5 до 10 минути, а потоа се подготвени за носење.

Прочитајте и:  Берген - најврнежливиот град во Европа

Совет:

– Ако сте скептични и се плашите да ги изложите новите чевли или патики на пчеличен восок, постапката тестирајте ја на постари обувки.

– Водоотпорниот фил од пчеличниот восок не е вечен и нема да ја уништи бојата ниту платното, па накнадно можете и да го измиете.

- Реклама -