Некогаш ќе се најдете во ситуација да сте далеку од најблиската продавница, а при рака да ви се најде само сув леб. Таквиот ем се рони, ем губи од опојниот вкус. Сепак, ако сте доволно упорни, не морате да јадете таков. Пробајте го триков, и лебот ќе го направите скоро како да сте го купиле тазе од фурна.
Ако користите обичен леб, напрскајте го со вода, а ако користите багет или леб со некаков премаз, ставете го под млаз вода. Важно е кората добро да се натопи, ама влажна може да биде и средината.
Добро замотајте го лебот во алуминиумска фолија. Загревајте го едно 10-12 минути. Ако имате пола векна, доволни се 10 минути, а ако е цела векна, оставете ја во рерната на 12 минути.
Кога лебот ќе го извадите од рерната, извадете го од фолијата и притиснете да видите колку е мек. За уште подобар вкус, ставете го лебот без фолија на уште 4-5 минути во рерната. Толку е. Ви останува само да уживате во тазе лепчето.