Од неодамна, на 30 локации ширум Нови Сад осамнаа необични билборди. На билбордите се индивидуално претставени најдобрите стотина и кусур ученици од новосадските основни и средни школи.
Без гајле, не се децава избрани со врски. Во прашање се ученици кои минатата школска година оствариле најзначајни успеси на државните и меѓународните натпревари од областа на науката и уметноста. Паноава се дел од еден поголем проект, наречен „Учам + Знам = Вредам“, промовиран од Здружението за промоција на општествена одговорност. Општествена одговорност од типот, претпоставуваме, учениците да се оддолжат за тоа што општеството им овозможило едукација, ама уште повеќе – општеството да им се оддолжи на учениците што вредно работат, со тоа што ќе ги пофали и ќе им покаже дека ги цени.
Истава иницијатива во Нови Сад ја имаше и лани. Тогаш беа поставени вкупно 30 билборди, во четири локални самоуправи, со вкупно 140 ученици. Годинава ќе има повеќе од 60 билборди, во седум локални самоуправи, а ќе бидат промовирани околу 200 успешни основци и средношколци.
Извор: 021