Како науката НЕ ја реши мистеријата за Бермудскиот Триаголник

la-fin-du-mystere-du-triangle-des-bermudes[1]Некаде во март 2016-та, Бермудскиот Триаголник по којзнае кој пат се најде на насловните страници, благодарение на извештајот на истражувачите од Арктичкиот универзитет во Норвешка, кои покажаа дека океанските метански меури можат да предизвикаат „големи пукања“ т.е. воздушни џебови доволно големи да проголтаат бродови. Џиновските меури беа забележани во Баренцовото море, што не е ни близу до територијата наречена Бермудски Триаголник, но сепак, сличен феномен – се смета – може да ги објасни мистериозните исчезнувања.

ТЕОРИЈАТА ЗА МЕТАНСКИТЕ МЕУРИ

Оваа теорија воопшто не беше нова како што повеќето ја претставија. За ова пишувавме уште некаде по јули 2014, кога сибирските ловџии открија огромен кратер на полуостровот Јамал, а подоцна и уште неколку кратера во областа Таз и на островот Тајмур.

sinkhole[1]Уште тогаш руските научници објавија извештај за журналот Nature, во кој наведоа дека формирањето на дупките е најверојатно последица на екплозивното ослободување на гасовите заробени во пермафростот, познати како метан хидрати. Наведоа и дека такви дупки веројатно постојат и на дното на океаните, и дека можат да формираат меури што можат да потопат брод. Една студија објавена во американскиот Journal of Physics го докажа тоа, барем на хартија. Бил спроведен експеримент со макета на брод, а под него биле испуштани меури. Кога макетата ќе се најдела на правата позиција над меурот, бродот губел рамнотежа и потонувал.

ВО ЈАДРОТО НА БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК

Сето ова за меуриве си е на место и прилично логично, под услов човек да го земе постоењето на Бермудскиот Триаголник како факт. Медиумите одамна се фатени на тоа оро и ништо чудно следни да бидат Камелот или Шангри-Ла. Прашањето што се поставува е: Зошто рационалниот свет сé уште смета дека е прифатливо да ја поврзува модерната наука со старите митови?

Прво да објасниме една работа: Не постои Бермудски Триаголник! Само зашто некој нацртал таков на некоја мапа, тоа не значи дека реално постои. Ако на картата нацртаме триаголник околу Македонија, ама баш ништо нема да се случи во Македонија.

За Бермудски Триаголник можеме да зборуваме само ако постојат физички докази за феномен што алудира дека нешто таму навистина постои. Арно ама, ни Американската морнарица не верува дека Бермудскиот Триаголник постои, а официјално таквиот назив го нема ни на американската листа на географски имиња. Во меѓувреме, една осигурителна компанија од Лондон дојде до заклучок дека бројот на бродови што потонале во тој регион не е поголем од бројот на бродови што потонале во останатите делови на океанот.

pulpstoryБермудскиот Триаголник е всушност плод на колективна та фикција, за која по правило не би требало да има место во науката. Терминот  е измислен во 1964-тата, од Винсент Гадис, во статија насловена „Смртоносниот Бермуда Триаголник“, објавена во Argosy – еден од неделниците што беа печатени на евтина хартија и беа посветени на фикција и фантастични приказни (ваквите магазини се познати како „pulp fiction“). Самиот тој факт говори колку (не)сериозно треба да се земе во предвид оваа тема.

Да, постои историја на мистериозни исчезнувања на бродови во водите на Бермуда. Во 1918, USS Cyclops исчезна со екипаж од преку 300 морнари. Во 1919, водата го исфрли Carroll A. Deering во Северна Каролина, без екипаж. Ваквите настани се тие што ја креваат целата фама меѓу љубопитните, но не толку успешно и меѓу морнарите. Тоа е така бидејќи морнарите знаат дека бродоломите се чести низ светот и дека криумчарите на рум имаа навика да убиваат луѓе.

le-mystere-du-triangle-des-bermudes-enfin-resolu-11499181vdwbp[1]Сеедно, да видиме што има заедничко областа која ја посочуваме како Бермуда:

Прво, тешко е да се одреди за која точно област станува збор, бидејќи различни луѓе го поставуваат триаголникот на различни места. Настрана локацијата, сепак може да се извлечат некакви генерални особености:

– Бермуда не е нешто посебно опасна, како што се мисли. Нема причина да се верува дека Саргасовото Море или областа околу него била вонредно опасна за бродовите или авионите, макар што била мошне прометна на почетокот на 19-от век. И ден денес е исто: шверцерите на дрога се најголемата закана за приватните бродови, а не некакви необјасниви феномени.

– Се работи за Голфската струја. Ако некој брод престане да се движи или некој авион падне, водата ќе го носи кон југ, по прилично непредвидлива траекторија. Од тие причини тешко е да се најде тоа што ќе исчезне, и од истите причини  може да исплива речиси било каде.

– Се работи за област во која има урагани. Франциско де Бабодиља е жив (или подобро речено – мртов) пример за тоа. Неговата флота потонала 4 и пол века пред на некој да му текне за некаков триаголник.

НАУКАТА КАКО ЖРТВА НА КУЛТУРАТА

Деталите не се воопшто уверливи, но медиумите се секогаш расположени да зборуваат за Бермудскиот Триаголник, и тоа научно, што е апсурдно. Идејата за Бермуда во основа е апстрактна, а докажувањето на негацијата е практично невозможно. Приказната за метанските меури е добра приказна, исто како што е и оригиналната објавена во Argosy. Но, тоа што е фасцинантно, кога подобро ќе се погледне во целата работа, е што секоја статија во медиумите е всушност обид да се разбере општествен феномен со помош на геонауката. Се разбира, општествениот феномен е верувањето во Бермуда, а метанските меури се ова другото – научното. Во суштина, едното со другото нема никаква врска, но сé додека има луѓе во средината што се задолжени да пишуваат приказни, ќе биде тешко да се одделат науката и културата.

- Реклама -