Како настануваат психопатите?

Досега се спроведени многу истражувања за психопатите, и во многу од нив намерата е да се открие што всушност ги создава.

Познато е дека овие лица немаат чувство на емпатија, што води до лажење, а во екстремни случаи и насилство. Исто така, имаат тенденција да манипулираат со луѓето без никакво чувство на вина, а со цел остварување на сопствените интереси.

И додека многумина тврдеа дека психопатите настануваат од раѓање, новите истражувања се потпреа токму на многуте истражувања пред нив. Се покажува дека психопатите сепак ги создава воспитувањето, што е и логично.

Истражувачите од норвешкиот Универзитет за наука и технологија спроведоа анализа на сите досега објавени истражувања во последните 30 години. Излегува дека секоја од тие студии покажува дека профилот на психопатите има некаква своја позадина. Поточно, дека секогаш се работи за психичко или физичко злоставување.

„Во наведените описи на случаите се покажува дека таквите лица некогаш исто така имале потреба за блиски односи и дека не им било сеедно. Истовремено, свесни се дека е невозможно таквиот однос и да го остварат“, објаснуваат научниците.

Сé на сé, проблемот се крие во воспитувањето, т.е. во односот што го имале родителите кон нив. „Или живееле во семејства во кои никој не се грижел за нив, или биле под тотална контрола на своите родители“.

- Реклама -