Пантолоните биле измислени од азиските коњаници, а биле забранети за жените се до 20 век. Тангата е најстара форма на облека, а вратоврските потекнуваат од Хрватска.
Панталоните ги измислиле азиските коњаници за полесно да јаваат. Во Рим стигнале во првиот век, а сè до 20-от биле забранети да ги носат жени! Јованка Орлеанка била казнета затоа што не се покорила на тоа правило.
Жаклина Оназис во 60-тите години на минатиот век била замолена да си замине од еден ресторан во Њујорк на чиј влез стоел натписот: „не примаме жени со панталони.“
Потеклото на вратоврските се поврзува со хрватската коњаница чии припадници со врзани марами околу вратот во текот на триесетгодишната војна (1618–1648) го привлекле вниманието на Французите. Заради малата разлика помеѓу зборовите Хрват и францускиот Croates, вратоврските го добиле името Кравати.
Џинсот се појавил во Европа кон крајот на средниот век, а дури во 19-иот станал препознатлив како облека на работницитe. Баварскиот емигрант Леви Штраус во 1873 година во Америка започнал со производство на оваа ткаенина.
Бикинито го дизајнирал Жак Хјам во 1946 и го нарекол „Атом“, но неговиот модел останал незабележан. Нешто подоцна, Луис Рид (на сликата) постигнал успех со бикинито кое го добило името според атолскиот остров на кој експлодирала атомската бомба.
Жартерите се појавиле уште во 13 век и тоа како дел од машката облека.
Чорапите ги носеле старите Римјани. Тие биле од груб материјал, а памучните се појавиле кон крајот на 18 век. Од 1938 се прават и од најлон, материјал кој го патентираше Дипон. За време на Втората светска војна многу жени си цртале линија на листовите од нозете за да изгледа дека носат „најлонки“. Овој трик станал непотребен после 1955 кога почнале да се прозведуваат најлонки без шев.
Градник носеле Римјанките со цел да ги зацврстат градите. Тие тоа го нарекувале strophium, а станува збор за марама која се обвиткувала околу градите. Модерниот градник се појавил дури во минатиот 20 век. Него во 1907 година го осмисли парижанинот Пјер Поаре.
Каиш носеле египетските танчарки, но само на потполно голо тело. Во средниот век каишот станал статусен симбол, забранет за жените со сомнителен морал.
Марамчето кај старите Грци било со големина на пешкир за раце. Римјаните користеле две: едно за бришење на потта, а друго за бришење на устата. Во ренесансата било знак за префинетост.
Танга, или парче облека околу бедрата, носеле древните Египќани, како и некои примитивни народи. Денешните танги потекнуваат од една порана форма на облека, која претежно била носена од страна на мажите, со цел да ги заштити и скрие машките гениталии. Како модерна облека, тангата најпрво станала популарна како дел од костимот за капење во Бразил. Инаку, тангата веројатно е најраната форма на облекување позната на човештвото, потекнувајќи од топлите краишта на Сахарската Африка, каде за прв пат облека се носело пред речиси 75.000 години.
Комбинирањето на боите било актуелно отсекогаш. Црно за погреб, бело за свадба, сино за момчиња, розево за девојчиња. Боите отсекогаш се користеле за да ги потенцираат општествените, психолошките и половите разлики.