Како нападите во Париз ќе им го променат животот на Парижани?

Серијата напади во Париз за кои одговорност превзема „Исламска Држава“, завршија фатално за 129 лица, додека 352 беа ранети.

Терористите на мета ги имаа навивачите на фудбалска утакмица и луѓе кои петокот го поминаа надвор – обични луѓе кои што излегоа во град по работната недела.

Во анкета за VICE, Парижани разговараат како фаталниот петок 13-ти ќе им го промени животот засекогаш.

Стив (38) актер и пејач

p1

Мислиш ли дека нападот ќе го промени твоето секојдневие?

Стив: Следев детално што се случува. Беше морничаво, не може да се опише поинаку. Неизбежно е дека навиките ќе ми се променат сега кога некои јавни места ќе бидат затворени. Најголем дел од мојот културен живот мора да сопре. Сето ова ме натера да размислувам. Денес одлучив да излезам наместо да останам дома, затоа што мислам дека мора да се обидам да продолжам со нормалниот живот. Можеби сите треба да го направиме тоа. Она што се случи менува се, ни се допаѓало тоа или не. Нема да престанеме да се гледаме со пријателите и да пиеме пијачки, но тоа повеќе нема да го правиме со истото расположение во кое некогаш го правевме, ниту пак на истите места.

Јадира (22), информатичарка

p2

Како го преброди петокот?

Јадира: Јас сум Кубанка и ова што се случува во Париз ми е многу тажно. Живеам овде веќе два месеци и ова е прв пат да доживеам нешто толку страшно.

Мислиш ли дека твојот живот ќе се промени после она што се случи?

Нормално. Денеска со дечко ми тргнав до град и му реков дека повеќе би сакала да останеме во северниот дел од Париз, каде се чувствувам побезбедно.

Дали си исплашена?

Да. Се плашам да бидам на улица, дури и сега во текот на денот. Ми беше потребен свеж воздух, но наскоро идам дома. Претпоставувам дека животот набрзо ќе ми се врати во нормала, но засега се чувствувам подобро кога не ризикувам ни најмалку.

Емброаз (20), студент по економија

p3

Како се чувствуваш после нападот?

Емброза: Страшно. И понатаму не ми е јасно што се случи. Живеам во истиот дел од градот каде се случи нападот, но синоќа гледав фудбал со пријателите.

Веројатно беше чудно да се вратиш во својот дел од градот?

Да, стресно е да се биде овде и морам да кажам дека ни најмалку не ми е пријатно. Не разбирам.

Прочитајте и:  Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас

Мислиш ли дека ќе ти се променат секојдневните навики по она што се случи?

Не, не мислам. Сакам да живеам нормално. Мислам дека мораме да се обидеме да живееме нормално, инаку тие победуваат.

Бенџаман (22)

p4

Како се чувствуваш?

Бенџаман: Морничаво. Светот е одвратно место. Се прашувам како ова ќе влијае на резултатите на следните избори.

Дали ќе ги промениш секојдневните навики?

Не се плашам за својата безбедност или здравје, така што ќе се однесувам како и обично. Не мислам дека ќе одам на забави, но тоа е повеќе поради генералната атмосфера во Париз, не поради страв.

Доминик (42), агент

p5

Какво е твоето искуство со нападот од петокот вечерта?

Доминик: Не се чувствувам безбедно, ни најмалку.

Дали ќе ја промениш дневната рутина?

Да, дефинитивно. Ќе обрнам повеќе внимание на местата на кои сум често. Ќе избегнувам јавни настани и ќе излегувам помалку.

Етјен (20), студент

p6

Каков ти беше тебе петокот?

Ејтен: Немам зборови да опишам, одвратно е. Жртвите се луѓе како мене кои пиеле пијачка во кафич. И понатаму сум во шок.

Дали ќе ја промениш својата дневна рутина во текот на следните денови?

Мислам дека не би требало, бидејќи тоа би значело дека победуваат. Ако сме исплашени играме по нивните правила, а тоа не е добро.

Ноеми (25)

p7

Каде беше во петокот вечерта?

Ноеми: Бев во кафич во близина на местото каде се случи еден од нападите. Без на тераса кога сопственикот ни рече итно сите да влеземе внатре. Моравме да останеме во барот со саати. Кога конечно излеговме на улица, полицаец ме зграби за рака и ме внесе во друг бар. Морав да останам таму уште некое време.

Беше на местото на несреќата…

Да. Во ресторанот Petit Cambodia јадам еднаш неделно и таму се чека на маса некои 45 минути. Обично пијам пиво во Карлион. Двете места синоќа беа нападнати. Можев да бидам таму синоќа. Некогаш се чувствував сигурно во Париз, сега се се промени.

Дали ќе го промениш секојдневието?

Не, не сакам. Вечерва одам на пијачка со пријателките, бидејќи мислам дека е важно да останеме надвор. Се надевам дека барот во кој идеме ќе биде отворен.

- Реклама -