Комичарот Џон Лаџои започна необична кампања со една цел – тој сака да постане безобразно богат. Неговиот план е навистина едноставен, сака неговите фанови да му дадат пари за да стане уште побогат од што веќе е. Неговата цел е да собере 500 милиони долари за 90 дена.
„Откако видов како корисниците на интернет со свoите пари помагаат да успеат други луѓе, не можев а да не си помислам: што ако, наместо да се обидувам да заработам на „традиционалниот“ начин за збогатување, се обидам поинаку? Што би се случило кога од своите фанови би побарал пари?“, прашува Лаџои во видеото.
[youtube]http://youtu.be/bSR3h1wUoS8[/youtube]
„Кога би ми ги подариле вашите тешко заработени пари, би станал безобразно богат без притисоците кои работата ги носи со себе“ вели тој во видеото.
Иако оваа кампања хипотетички бара пари, сепак, постои и систем на наградување. Во зависност од тоа колку ќе донирате, можете да добиете апсолутно ништо, видео во кое лично тој гледа во вашиот профил со гадење или пак прилика да се фалите дека сте го запознале, иако тоа всушност никогаш нема да се случи.
Иако постојат многумина кои ова видео го сфатија сериозно, сепак, на фановите на Џон Лаџои им е јасно дека ова е уште еден начин преку кој познатиот комичар се потсмева на моменталната ситуација во општеството.