Следниот пат кога ќе сакате да исцедите лимон, нема да ви требаат модерни соковници или цедалки за да извлечете максимум од сокот. Се што ви треба е вилушка.
Забодете ја вилушката во лимонот и движете ја додека цедите. Така ќе добиете поголема количина од сокот, и тоа на полесен начин.
Мадеа Ален, од Organic Soul Chef цврсто стои зад својот метод:
„На овој начин, сите мембрани на лимонот учествуваат во цедењето и го извлекувате сокот од секоја од нив. Дополнително, имате повеќе контрола отколку кога користите цедалка или соковник. Брзо е, лесно е и не ви е потребна електрична енергија“.
Бонус совет: Ако преферирате да не користите вилушка, исечете го лимонот по должината. Така ќе добиете повеќе сок.