Отишол Мујо во банка и кога стигнал пред шалтерот, погледнал околу себе и започнал да чепка по џебовите.
Пребарувал така минута, две, па нервозната службеничка го прашала?
– Годподине, ќе подигнувате или ќе ставате?
Мујо одговорил расеано:
– Ма ќе дигам, секако дека ќе дигам.
Службеничката гледала дека упорно пребарува и уште понервозно му рекла:
– Добро, што сте заборавиле, што барате толку?
Мујо и понатаму барајќи одговорил:
– Ма почекај момент, не знам кај ми е пиштолот.