Како манипулираат ајкулите од Волстрит?

 

Лукавство, бескруполозност и милиони – тоа е рецептот за дресура на големите брокери на Волстрит.

Еве шест од најстарите трикови утврдени во “непишаните учебници” на трговците со берзата и акциите.

Фрли мамка и продај

1

Тоа е стратегија со која трговците всадуваат идеја за конкурент или клиент, со цел да ја убедат метата да купи акции од одредена компанија која ја поседува и сака да се ослободи од нив по подобра цена. Ваквата идеја веднаш создава ликвидност. Ова е една од најчестите стратегии на Волстрит. Според “теоријата за заговор”, големите пазарни учесници се исклучително вешти во манипулација на масите во моменти кога сакаат да ги подобрат своите позиции.

Големата тајна

2

Некои трговци се обидуваат да ги убедат околните дека имаат систем на информации, стратегија или нешто друго што е тајно и им помага да бидат исклучително успешни на пазарот. Тие никогаш нема да ја откријат тајната на останатите, туку само ќе го прикажуваат позитивниот резултат од трговијата на финансиските пазари. Инвеститорите го прашуваа постојано Берни Медоф каква е тајната на неговиот успех. Тој одбиваше да одговори, а истовремено ги заблуди сите, вклучувајќи многу финансиски специјалисти дека поседува нешто исклучително, што е легално и работи.

Безбедно движење на цената

3

Некои поголеми инвеститори тргуваат со неликвидни позиции, што им овозможува безбедно да ја движат цената во посакуваната насока.

Кога знаат како ќе се движи цената, тие често ѕвонат на неколку брокери и сакаат да им обезбедат “тврда цена” за одредена неликвидна позиција за одредена сума. Тоа значи дека брокерите практично стануваат “кратки продавачи” на позицијата. Потоа инвеститорите почнуваат да купуваат, ја креваат цената и практично ги принудуваат брокерите да ги затворат “кратките позиции”, што ги прави дополнителни купувачи.

Слични ситуации се јавуваат и кога цената е под клучно ниво на отпор

5

Таму неколку големи играчи кај ликвидните позиции ги здружуваат силите и со активни купувања ги одведуваат средствата надвор од нивото на отпор. Сите инвеститори се претвораат во купувачи, затворајќи ги позициите на значителна загуба, која е “профит” за големите оператори.

Ви дава “инсајдерски” информации за големи купувачи

6

Често еден продавач на одредени позиции може да ви даде информации за присуството на голем купувач против него, кој акумулира акции. Ова се вредни информации, бидејќи може да значи дека некој голем фонд сака да влезе во одредена позиција, која продолжува да поскапува последователно. Запрашајте се зошто ви даваат толку вредни информации? Веројатно продавачот бара дополнителна ликвидност и очајно сака да излезе од позицијата.

Ширење на неточни гласини

7

Еден од најдобрите начини голем инвеститор да се ослободи од позиција која веќе се зголемила значително е создавањето на гласини. Многу тешко се докажува кој ја пуштил дојавата, па ова е речиси кривично дело. Големите и чесни играчи немаат тенденција да “се обложуваат” репутација, така што со вакво средство се служат претежно помали пазарни учесници.

- Реклама -