Како Мајкл Џордан ги троши милионите?

Мајкл Џордан не играл во NBA веќе 10 години, но се уште е меѓу најдобро платените  во овој спорт. Тој е сопственик на тим и портпарол на различни брендови на производи. Годишно Џордан заработува 80 милиони долари. Тоа е многу повеќе од парите што ги заработувал како кошаркар.

За целиот престој во NBA тој заработил 90 милиони долари. Во моментов располага со лично богатство од 650 милиони долари, од кои  60 милиони долари годишно само од Nike. Последниот модел патики Gamma Blue предизвикаа лудило и направија продажба за 74 милиони долари за 1 ден!

Тој има договори уште со Hanes, 2KSports и др.

Тој го  купил тимот Charlotte Bobcats во 2010 година за 175 милиони долари.

Има сопствен авион

Си изгради куќа за 12,8 милиони долари во Флорида.

 

Неодамна купи куќа за 2.8 милиони долари во Чикаго.

 

Од неа има прекрасен поглед кон езерото.

Во моментов се обидува да  го продаде својот дом во Чикаго за 29 милиони долари.

Во него има игралиште за кошарка и базен.

 

Има јахта – Mr. Terrible, која ја дава под наем.

 

Неодамна тој се ожени со моделот Ивет. Таа е бремена и двајцата очекуваат близнаци.

 

Во слободно време тој игра голф, фан е и на играта Bejeweled Demigod.

 

- Реклама -