Фабрики на соларен погон, лебдечки апартмани, стаклени кули со хелиодроми и балкони за социјализација – вака изгледа визијата на северно-корејските архитекти за тоа како ќе изгледаат северно-корејските градови во иднината.
Сите дизајни се од 2014 година, а проектот се подготвуваше цели 4 години. Во него, архитектите беа запрашани за предлози за тоа како би изгледал туризмот во С.Кореја (што е чудно, затоа што обичните жители не се навикнати на идејата за странски посетители). Еве како ќе изгледаат градовите и туристичките објекти во С.Кореја, а можеби и низ светот, ако предлогот биде прифатен: