Како ќе изгледаат библиотеките во иднина?

Иднината на јавните библиотеки ќе изгледа како работилница на Епл.
Редови на сјајни iPad и iMac. Стотици други таблети достапни на секому со членска картичка.

Библиотека БиблиоТек во Сан Антонио во вредност од 2,3 милиони долари нема книги. И токму тоа е она што ја прави популарна за посетителите кои доаѓаат дури од Хонк Конг за евентуално идејата да ја превземат за дома.
Дигиталната библиотека веќе постои со години во студентските кампуси, но областа Бексар во која се наоѓа библиотека БиблиоТек влезе во историјата со отварањето на првата јавна библиотека во САД која функционира без печатен материјал.

Сан Антонио е седми по големина град во САД, но е на 60-сто место по писменоста, покажуваат јавните податоци. На почетокот на 2000-та година, околината на денешната БиблиоТек се состоела од социјални станови и продавници, а книжарници не ни постоеле. Една деценија подоцна, вели проект-координаторот на БиблиоТек, Лора Кол, повеќето семејства во околината и понатаму немаат wifi интернет.

– Како да се зголеми стапката на писменост со толку малку ресурси?- прашува таа.

Населението сега може да ја искористи можноста. БиблиоТек е на пат да ја надмине бројката од 100.000 посетители во својата прва година. Да се пронајде слободен iMac во БиблиоТек за време на училишните одмори често е невозможно, а повеќето читачи на е-книги имаат по пет книги прочитано.

Главната библиотекарка Ешли Елкхоф работното искуство го стекнала во традиционалните библиотеки и свесна е за проблемите од старата работа: погрешно вратени книги изгубени во толпата, скинати страници, невратени книги.

За речиси четири месеци работа на БиблиоТек, ниту еден скап таблет не „добил нога“, пишуваат американските медиуми.

Просторот е поекономичен бидејќи БиблиоТек може да се пофали со колекција од 10.000 дигитални наслови купени по иста цена како и печатените книги, но просторот кои тие го завземаат чини многу помалку отколку милионите долари кои се потрошени за складирање на книгите за сега зачувани.

Во Остин, градските власти градат библиотека во вредност од 120 милиони долари која ќе биде отворена во 2016-та година. Дури и мала, традиционална библиотека отоврена во околината на градот Кајл чинела милион долари повеќе од БиблиоТек библиотеката.

За време на првата посета на 19-годишната Абигејл Рејес поминала краток курс за пребарувањето на дигиталните книги и таблети.

– По малку ми недостига книгата- рекла таа. – Не ми се допаѓаат таблетите бидејќи очите ме болат од нив.

- Реклама -