Како ја дочекуваат Новата година секаде низ светот?

Сите ја сакаат Новата година. Атмосферата е весела, a луѓето среќни. Во сите нас тлее надежта за подобра година во која што грижите ќе ги оставиме зад себе и ќе си замислиме нови желби.

Сепак, во земјите низ светот на различен начин се означува нејзиното пристигнување. Во продолжение со помош на Википедија, правиме прошетка и виртуелен дочек на новата година, секаде, по малку 😉

Аргентина

Argentina-New-Year

Во Аргентина , традиционално целото семејство се собира околу 11 часот и зема учество во традицинална вечера , вклучувајќи грав , благи специјалитети итн. Токму пред полноќ луѓето се собираат на улица да уживаат во огномет и други видови на прослава.Првиот ден од новата година се прославува точни после полноќ со шампањ, со желби за среќна нова година и понекогаш со наздравување со соседите. Забавите понекогаш траат до зори . Пливањето е понекогаш чудна активност во која аргентинците уживаат , пливајќи во реки , езера или јавни базени.

Австралија

Official leaders dinner.

Секој поголем град околу Австралија одржува прослави за Нова година , најчесто пропратени со огномети меѓу другите настани. Глоучестер Парк е тркачка патека во централен Перт и во него се одржува најпознатиот огномет во Западниот Австралискиот град. Во Брисбејн , годишно се собираат 50.000 луѓе околу реката Брисбејн во градот и набљудуваат огномет додека други настани се одржуваат во градот и во Саутбенк. Двете најголеми прославувања се одржани во двата најголеми градови во Австралија , Сиднеј и Мелбурн. Прославата во Сиднеј е најчесто тематска проследена со светлосни шоуа и голем симбол во средината на мостот Сиднеј Харбор , преку 1,5 милион луѓе се собираат во Порт Џексон . Огнометот трае од 12 до 25 минути и е проследен од музички шоуа поставени на повеќе сцени низ целата плажа. Како една од првите прославувања на Новата година ( благодарение на временските зони ) Австралискиот огномет најчесто е пренесуван преку телевизиски канали во теков на денот на 31 декември .

Австрија

Vienna-New-Years-Eve-City-Hall-c-Oesterreich-Werbung

Во Австрија Новата година најчесто се прославува со семејството и пријателите . Точно на полноќ сите телевизиски и радио канали го пренесуваат звукот на Пумерин ( звоното од катедралата на Св. Стефан во Виена ) и веднаш потоа се пренесува “ Donauwalzer” од Јохан Штраус на кој многу луѓе танцуваат на улица или на забави. Голем број на луѓе се собираат на улиците на Виена , каде општинската влада организира серија сцени на кои свират голем број бендови и оркестри . Огномети се одржуваат од страна на општинската влада и од страна на обичните граѓани.

Белгија

eve-of-new-year12_thumb

Во Белгија Новогодишната вечер се нарекува Sint Sylvester Vooranvond или Вечерта на Св. Силвестер. Се одржуваат семејни забави наречени réveillon . На полноќ сите се бакнуваат и разменуваат честитки за среќа и наздравуваат во чест на отсутни роднини и пријатели . Градовите , кафулињата и рестораните се пренатрупани . 1 Јануари се нарекува Nieuwjaarsdag и децата подаруваат празнични честитки со златни ангелчиња , обоени рози и венци од цвекиња на родителите , кумовите и сето тоа на декоративна хартија за која штеделе за да ја купат. Белгијските фармери исто така им посакуваат Среќна нова година на своите животни.

Бразил

1388563326000-AFP-525707587

Плажата Копакабана во Рио де Женеиро е домаќин на милиони кои сакаат да ја прославата Новата година тука. Ano Novo ( Нова година на португалски ) исто така позната како Reveillon на Бразлиско – Португалски јазик е еден од главните празници во Бразил и е официјален почеток на летните празници кои вообичаено завршуваат со Карнивал ( аналогно на тоа е Memorial Day или ден на комеморација на луѓето кои загинале на воена служба и Labor Day односно ден посветен на работниците во САД). Бразилците обично уживаат во обилни оброци во друштво на своето семејство или пријателите во домашна атмосфера или во некој од приватните клубови или ресторани. Тие најчесто се облекуваат во бело за да имаат среќа во новата година . Огномети и јадење грозје се некои од традициите кои се асоцирани со празнувањето на Новата година. Плажата Копакабана се смета за една од најдобрите локации за огномет во целиот свет за време на Новогодишната вечер. Градот Сао Паоло исто така одржува еден познат настан односно Маратонот на Св. Силвестер кој ги опфаќа улиците помеѓу Авенија Паулиста и центарот на градот. Во други религии , се одржуваат други настани . Во Форталеца , Чеара се одржува голема забава со огномет и музички шоуа во живо во областа Praia de Iracema која привлекува повеќе од милион луѓе во последните неколку години . Во Коста Рика семејствата најчесто се собираат во 9 часот и се забавуваат до 1 или 2 часот после полноќ . Постојат неколку традиции кај семејствата од Коста Рика . Една од тие традиции е да се јадат 12 грозја кои претставуваат 12 желби за новата година и трчање на улиците со багаж кој претставува желба за нови патувања и авантури во новата година.

Чешка 

cirque

За Чесите Silvestr без сомнение е најбучниот ден во годината .Луѓето вообичаено се подготвуваат со огномети и шампањ за полноќното наздравување и се собираат заедно со пријатели и роднини да јадат , пијат и забавуваат во рестораните , клубовите или на локалните плоштади. Во поголемите градови каков што е Прага детонациите на пиротехнички материјали се слушаат уште во текот на денот , дури и претпладне и се повеќе и повеќе се зачестува се до полноќ . Во првата минута после полноќ луѓето наздравуваат и си посакуваат среќна нова година и излегуваат надвор да си ги запалат своите огномети или да ги гледаат туѓите. Сите поголеми телевизиски станици емитуваат забавни програми и емсии пред и после полноќното одбројување кое е проследено со пеењето на националната химна . Претседателот го дава својот новогодишен говор изутрина.

Данска

tumblr_lwnaxzH6oc1qgsa1m

Многу данци одат на забави или се пречекуваат гости дома . Вечерата е обично поексклузивна од обично , вклучувајќи десерти како Марципан торта заедно со шампањ , додека главниот оброк е составен од варен бакалар , чорба од кељ и зачинето свинско . Новата година е прославена со забавување. Тоа е најчесто добронамерно забавување а не злонамерно . Меѓутоа тоа може да стане и такво . Необично во Данска е тоа што за добар знак се смета доколку се пронајде куп искршени чинии пред врата за време на Нова година. Старите чинии се чуваат за да бидат фрлени пред вратите на пријателите за време на Новогодишната вечер. Многу искршени чинии пред врата докажува дека имаш голем број пријатели . Два значајни настани се емитувани на телевизија и радио на 31 декември : Новогодишната порака на Монархот на Данска од Палатата Амелиенборг во 6 часот попладне и отчукувањето на полноќ на часовникот во градското собрание во Копенхаген . Илјадници луѓе се собираат на градскиот плоштад Радхушпладсен и се веселат. Климаксот е кога новата година се прославува со звукот на огнометот и отчукувањето на часовникот во градското собрание во Копенхаген. Тоа е одлична можност да се види парадата на Кралската Гарда во црвени гала униформи.

Еквадор

Палење на кукли
Палење на кукли

Покрај традиционалните семејни настани и оброци , модерни прославувања како одење во ноќни клубови се проминента одлика во Еквадор , но главниот настан е палењето на огнометите и илјадници кукли кои ја претставуваат изминатата година.

Англија

Big Ben Happy New Year

Часовниците го одбележуваат преминот кој се случува на полноќ на Новогодишната вечер , со тоа што прославата на Лондон се фокусира на часовникот лоциран во кулата во палатата на Вестминстер или општо позната како Биг Бен . Прославувањето е емитирано од страна на ББЦ во Англија и Велс . За време на Новогодишната вечер 2010 се проценува дека 250.000 луѓе се собрале да проследат огномет околу Лодонското Око кое за таа прилика за прв пат било наместено да работи на музички траки од најголемите Англиски бендови како Блур, Битлси , Квин. Прославувањето во Лондон продолжува на 1 Јануари со Новогодишната парада која се одржува годишно се од 1987 а во 2011 ке одбележи 25 години од своето одржување , вклучувајќи повеќе од 10,000 музичари , навивачки и други изведувачи. Други поголеми прославувања се одржуваат во градовите Манчестер , Бирмингем , Ливерпул , Лидс и Нјукасл. Бидерфорд кој се наоѓа во северен Девон е исто така познат по своето прославување на Новата година со одржување на карневал со свечени фустани сместен на и околу Стариот мост со тоа што само еден свирач свири проследено со огномет на полноќ.

Германија

reuters_berlin_new_year_01Jan12-878x575

Гермнаците ја нарекуваат новата година Силвестер бидејќи 31 декември е ден на гозба на Св.Силвестер . Од 1972 год . неколку германски телевизиски станици вршат пренос на кратка комична изведба на англиски јазик ( снимена од страна на Западно германска телевизија во 1963 ) наречена “ Вечера за еден “ . Една реченица од скечот “ Истата процедура како и секоја година “ станала ударна фраза во Германија . Секоја година Берлин е домаќин на една од најголемите прослави на Нова година во цела Европа на која присуствуваат преку милион луѓе . Главната точка на вечерта е Бранденбуршката Порта каде се сместени огнометите . Германците имаат репутација на луѓе кои трошат многу голема сума на пари за огномети и петарди , и затоа се гледаат огномети низ текот на целата вечер . Кога часовникот ке удри на полноќ на Силвестер , германците наздравуваат со Сект ( германско пенливо вино ) или пак шампањ. ‘Bleigießen’ е уште една германска традиција за нова година кадешто се предвидуваат иднините со помош на испотеното олово паднато во ладните води . Други традиции за среќа се допирањето на чистач на оџаци или тој чистач да ве намачка со малку пепел на вашето чело за добра среќа и здравје. Традиционално се јадат крофни наполнети со желе со или без алкохол . Конечно за среќа се јаде и едно мало марципанско прасе.

Соединетите Американски Држави

1071_8

Тајмс сквер е централната прослава во Њу Јорк. Новогодишната вечер е настан кој е прославен со формални забави и семејно ориентирани активности. Новогодишниот ден е јавен празник во САД. Во текот на последните 100 години спуштањето на “ Топката “ на Тајмс Сквер во Њу Јорк е пренесувано низ цела Америка па дури и пошироко и е голем дел од прославувањето на Новата година . Кристалната Топка тешка 5, 368 кг. и со дијаметар од 3,7 метри се спушта полека со почеток во 11и 59 мин за да го допре дното на својата кула 60 сек подоцна точно на полноќ . Од 1981 па се до 1988 градот спуштал големо јаболко во знак на неговиот прекар “ Големото Јаболко “. Слични спуштања на топки има и во другите американски градови . Овој обичај е инспириран од временскиот сигнал кој бил даван точно на пладне на пристаништата. Од 1972 па до сега ( со исклучок во 2005 ) Дик Кларк е домаќин на телевизиското емитување на настанот наречен Новогодишната вечер на Дик Кларк прикажано на телевизиската мрежа АБЦ , а сега е преименувано во Новогодишната вечер на Дик Кларк со Рајан Сикрест за дочекот на 2009 со тоа што Рајан Сикрест ги презема водителските должности .На 31 Декември 1999 шоуто било интегрирано во “ АБЦ 2000 Денес “ со Дик Кларк вршејќи репортажа за време на емитувањето на “ АБЦ 2000 “ со претставување од страна на Питер Џеннигс кој кажал дека многумина нема да сметаат дека ова е Нова година доколку Дик Кларк не го врши одбројувањето . Помеѓу 1951 и 1976 Бен Гауер бил познат по својот пренос на Новата година во живо од Тајмс Сквер во Њу Јорк. Од 1956 до 1976 на телевизиската мрежа ЦБС , Гај Ломбардо и неговите Кралски Канаѓани ги забавуваа САД од собата за бал на хотелот Волдорф – Асторија лоциран на авенијата Парк . По смртта на Ломбардо во 1977 , Кралските Канаѓани продолжиле на ЦБС се до 1978 год и шоуто “ Среќна Нова година “ ги смени во 1979 продолжувајќи се до 1995 . Песната Auld Lang Syne станала популарна песна која се пее на полноќ на Новогодишната вечер , со тоа што верзијата на Ломбардо е стандардна. НБЦ исто така е домаќин на емитувањето на прославувањето на Нова година , традиционално , водителите на доцните шоуа на таа мрежа вршат пренос на специјални изданија на нивните регуларни шоуа ( вклучувајќи и специјално одбројување специфично за централната временска зона на шоуто на Конан О’Брајан ) , но од 2005 мрежата се одлучила за специјално издание наречено „ Новогодишната вечер со Карсон Дејли “ . Фокс , ЦНН и Фокс Каналот за Вести исто така имаат свои специјални емисии за Нова година.

Шпанија

images

Шпанската нова година (Nochevieja или Fin de Año на шпански , Cap d’Any на каталонски , Nit de Fi d’Any на валенсијски , Cabo d’Anyo на арагонски ) најчесто се прославува со семејна вечера , најчесто се јаде ракчиња или јагнешко . Шпанската традиција говори дека носењето на нов црвен долен веш на Новогодишната вечер носи добра среќа . Вистинското одбројување првично се следи од часовникот на врвот на зградата Casa de Correos на плоштадот Puerta del Sol во Мадрид . Традиција е да се јадат 12 грозја по едно на секое отчукување на часовникот . Оваа традиција своите почетоци ги бележи во 1909 , кога одгледувачите на грозје во Аликанте го смислиле ова како начин за ослободување од вишокот грозје кои тие го произвеле таа година . Денеска скоро секој Шпанец ја следи таа традиција , а 12-те грозја станаа синоним за новата година . Откако часовникот ке означи полноќ , луѓето си честитаат и наздравуваат со шампањ или со пенливо вино . По завршувањето на семејната вечера и јадењето на грозјата , многу млади луѓе присуствуваат на новогодишни забави во пабови , дискотеки и други слични места ( овие забави се нарекуваат cotillones de nochevieja бидејќи шпанскиот зборе cotillion се однесува на забавни украси како конфети , капи и сл . ) Забавите обично траат до следниот ден и ги има од мали , лични прослави па се до огромни прослави во хотелски простории за конвенции . Следното утро рано , луѓето се собираат за традиционалниот зимски појадок односно топло чоколадо и лиснати теста.

Србија

serbian-orthodox-holidays-L-k6ZV3D

Традиционално Новата година во Србија се празнува екстензивно . Дома семејствата ја празнуваат Новата година во изобилие на храна . Украсените новогодишни дрва се поврзани со Новата година и затоа се викаат “novogodišnja jelka” . Околу или после полноќ Дедо Мраз ги посетува домовите и остава подароци под дрвата да бидат отворни тогаш или доколку семејството спие тогаш изутрина . Рестораните , клубовите , кафулињата и хотелите обично се пребукирани и организираат забави со храна и музика во живо. Меѓутоа српската Нова година е најпозната по веселбите кои се одржуваат надвор во Белград и некои други градови како Нови Сад или Ниш. Од средината на декември градовите се екстензивно декорирани и осветлени .Декорациите остануваат се до доцна во Јануари благодарение на влијнието на Јулијанскиот календар. Низ регионот , особено на просторот на бившите Југословенски републики , Белград е познат како место на кое се одржуваат големи забави , концерти и случувања . Во поскоро време стана традиција голема група на Словени да го посетуваат својот стар главен град и да го прославуваат почетокот на Новата година. Особено во текот на 90-тите , уличните прослави се претворија во масовни собири на кои присуствуваат стотици илјади граѓани , прославувајќи ја Новата година на неколку локации низ Белград . За време на мандатот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ собирите добиваа и силна политичка конотација . Од 2000 – та градот Белград секоја година организира неколку концерти со голем број домашни и интернационални изведувачи на поголемите Белградски плоштади .Концертите започнуваат рано навечер и траат се до раните утрински часови . Обично се организираат посебни концерти за младите и посебни за постарите. Полноќ е обележан со огромен број огномети испукани од соодветни места . На 1 јануари улицата Светогорска е затворена за сообраќај и се користи за фестивалот “ Улица на отворено срце “ , се служат храна и пијалоци и се изведуваат разни претстави на отворено , додека семејствата со децата како и политичарите ( најчесто и претседателот ) се шетаат низ улицата. Вечерта на 1 јануари е резервирана за таканаречената “ реприза “ , или повторување на претходната вечер , луѓето најчесто одат во клубови или кај пријатели или на плоштад каде што биле претходната вечер за да прослават уште еднаш. Исто така се организираат прослави со послаб интензитет од претходната вечер. На 13 јануари , голем дел на населението ја прославува “ Српската Нова година “ , според Јулијанскиот календар . Овој пат еден концерт е организиран пред градското собрание или пред Националниот парламент ( во Белград ) , каде се подготуваат огномети од страна на Српската Православна Црква и се испукува од катедралата на Св. Сава , каде се собираат луѓето. Други градови организираат слични прослави.

Македонија

64525-640x360-disco_ball_champagne_640

Новогодипната вечер се прославува кај сите семејства во Македонија . Новогодишниот ден е време кога децата најчесто добиваат подароци и прославата е проследена од огномети низ текот на целиот ден . Денот е прославен заедно со семејството или со пријателите дома или во некој од клубовите , рестораните , кафулињата и хотелите со вечерни прослави кои вклучуваат добра храна , музика во живо и танцување на традиционална македонска или модерна музика. Новата година се прославува на 31 декември но и на 14 јануари според Македонскиот православен календар.

Мексико

_45339051_pg_mexico_ap

Мексиканците ја прославуваат Новогодишната вечер или уште позната како Año Nuevo со тоа што конзумираат по едно грозје на секое од 12-те отчукувања на ѕвоното за време на одбројувањето и посакувајќи по една желба за секои од 12-те грозја. Мексиканските семејства ги украсуваат домовите и забавите за време на новата година , користејќи бои како црвена за да се нагласи важноста на подобрувањето на животниот стил и пред се љубовта, жолта за да се добие подобрено вработување и подобар животен стил , зелена за да се подобрат финансиските услови и бела боја за да се подобри здравјето . Мексикански сладок леб се пече и во него се става паричка или некоја амајлија . Кога ќе се послужи лебот , тој кај кого ќе се падне паричката или амајлијата се верува дека ќе го следи добра среќа и благослов во новата година. Друга традиција е правење на листа на сите лоши или несреќни работи кои се случиле во текот на годината и пред полноќ таа листа се фрла во оган , симболизирајќи го отстранувањето на негативната енергија од новата година. Повеќето мексиканци прославуаат со тоа што имаат касна вечера со семејството , традиционалното јадење е мисирката , традиција која е светски популарна. Тие кои сакаат да се забавуваат обично после вечерата одат во локални клубови , или на забави. Доколку сте во Мексико можете исто така да уживате во уличните прослави . Во Мексико Сити има голем уличен фестивал за Новогодишната вечер каде прославата се одржува на главниот плоштад Зокало . Можете да очекувате многу огномети , петарди и слично. На полноќ има многу врева и сите викаат “Feliz año nuevo Hogmanay!” . Луѓето се гушкаат, прават врева и играат со петарди.

Русија

Moscow-Christmas_1548867c

Повеќето Руси ја дочекуваат Новогодишната вечер со нивните фамилии или со блиските пријатели. Потеклото на оваа прослава во Русија е различен од христијанскиот празник Божик. Божик беше голем празник во Русија се додека не беше забранет заедно со другите религиозни празници од Комунистичката партија. За да се компензира неславењето на Божик, Нова година била славена слично како денот на рождеството Христово само без религиозниот аспект на празникот. Дури и после распадот на СССР, Нова година се слави во Русија и стана традиција. Прославата обично, почнува неколку часови пред полноќ и вообичаениот поздрав е: „поздрави ја стара година“, памтејќи ги најважните моменти во изминатите дванаесет месеци. Пет минути пред полноќ, повеќето граѓани го следат новогодишното обраќање на Претседателот пренесуван на тв екраните или да се следи популарното шоу „Плав огномет“, но традиција е и да се очекува звонењето на часовниот од Кремељ кој е пренесуван преку радијата и ТВ станиците. Послените дванаесет секунди од старата година, Русите молчеливо ги замислуваат своите желби за следната година. Подоцна наздравуваат со шампањ за време на богата вечера, каде што тие се забавуваат гледајќи концерти. Некои луѓе сакаат да присувствуваат на огномети, некои ги посетуваат своите роднини и пријатели. Бидејќи 30. и 31. декември се работни денови, мнозина имаат организирани забави на работните места. Обично 31. декември граѓаните седат дома со пијателите. Постои старо суеверие, доколку првиот гостин (особено ако е неочекуван) на 1. јануари е маж, годината ќе биде исполнета со благосостојба. Русите се трудат Новата година да ја започнат без долгови.

Сингапур

Marina-Bay-Singapore-New-Years-Eve-Fireworks-3

Најголемата прослава и централна манифестација за Новогодишната вечер во Сингапур се оддржува на Мариновиот брег, на која обично присувствуваат околу 250.000 луѓе. Други места на кои што има прослави за дочек на Новата година, а се во близина на Мариновиот брег, се хотелите: Фултон, Марина Мадарин, Риц-Карлтон Милениум, Марина Беј Сендс, итн. На кејот 20.000 балони, исполенти со 500.000 желби на Сингапурците приредуваат визуелна уметничка приредба исполнет со брилијатни бои со помош на светлосни ефекти. Присутните се забавувани од различни улични актови и концерти, кои се оддржуваат на пловечка платформа до брегот. Учествуваат актери и изведувачи како од земјата така и од странство. Целата манифестација се пренесува во живо на телевизија. Последните десет секунди до полноќ,се одбројувани од изведувачите заедно со публиката. На тоа следни спектакуларен огномет, кој ќе го осветли целиот брег.

Филипините

ap_philippines_new_year_01Jan12-878x596

Најобично Филипинците ја дочекуваат Новата година во друштво на фамилијата и блиските пријатели. Традиционално во повеќето куќи се оддржуваат вечери кои населението ги вика Медиа Ноче (Media Noche). Главното јадење е свинско на ражен. Скарата исто така е дел од менито. Повеќето Филипинци практикуваат одредени суеверија за време на дочекот на Новата година. Некои од овие суеверија се: носењето на облека со округли шари, за кои се верува дека носат пари и среќа или друга шарена облека за која се верува дека следната година ќе биде безгрижлива. Фрлањето парички точно на полноќ се верува дека ќе ја зголеми благосостојбата во годината што следува. Тропањето со парички во метална кутија додека се оди околу куќата, скокајќи високо за што се верува дека ќе придонесе за физичкото здравје и висина се исто така дел од суеверијата. Филипинците испуштаат гласни звуци преку картонски или пластични свирки кои ги нарекуваат „торотот“, трескање на железни садови и палејќи огномети и пиротехника, за кои се верува дека ќе ги избркаат лошите духови и слите сили. Urban areas are usually hosts to many New Year’s Eve parties and countdown celebrations which are usually hosted by the private sector with the help of the local government. These parties usually display their own fireworks spectacles and are often very well attended. The main celebration is focused on Manila Bay at Roxas Boulevard in Manila. Во урбаните населени места има многу новогодишни прослави на кои има одбројување, кои се организирани од приватни лица со помош на локалните власти. На овие забави има спектакуларни огномети на кои присувствуваат многу луѓе. Главната новогодишна прослава се одржува на Манила беј.

Холандија

30997_fullimage_DC-3-Oliebolllen

Новогодишната вечер се вика Oud en Nieuw (Стара и Нова) или Oudejaarsavond (вечер на старата година) и се слави во добра атмосфера со фамилијата или пријателите. Традиционалната закуска се кнедли и пита од јаболко. На телевизија главната програма е сатирично шоу чија тема е исмејување на политичката сцена. Во некои протестантски религиозни семејства се чита Псалмот 90, но во оследно време оваа традиција полека исчезнува. На полноќ се пие шампањ или вино. Многумина испалуваат свој огномет. Градовите низ Холандја не прославуваат со огномети, освен Ротердам, каде што огнометот може да се проследи близу Erasmus Bridge (Еразмовиот мост). Јавниот транспорт е комплетно затворен (едниствено преку целата година) од 20 часот до 01 часот по полноќ. На неколку минути пред полноќ на телевизиските канали се емитува часовникот.

Нов Зеланд

Christmas Tree New Zealand

Градот Гизборн е 496 километри западно од меѓународната датумска граница и е првиот град кој ја дочекува Новата Година. Во Нов Зеланд, градовите ја дочекуваат Новата година со скромни настани и огномети. Во последните години, продажбата на алкохол е забрената, поради многуте безредија, вандализми и други девијантни појави. На 31 декември по последните неколку години, екипата Black Caps („Црни Капи“) играат еднодневен меѓународен натпревар крикет. Најголем е огнометот што се пушта од Небесната Кула во Окленд, највисока на Јужната полутопка.

Франција

world_11_temp-1325322450-4efed0d2-620x348

Франзузите ја нарекуваат Новогодишната ноќ “la Saint-Sylvestre”. Празнувана е со славење кое се нарекува Réveillon de la Saint-Sylvestre (Свети Силвестер е Ева или Нова Година). Традиционално овој празник вклучува јадење како паштета (foie gras), морска храна (школки) и шампањ. Прославата може да биде едноставна, приватна вечера со пријателите и фамилијата или многу полуксузен бал (une soirée dansante). На 1. Јануари се споделуваат бакнежи и честитки помеѓу пријателите и фамилијата, со традиционалниот поздрав: „Добра година, среќа, здравје, љубов и пари“. Некои Французи јадат десерт направен од сладолед. Овој празничен период завршува на 6. јануари (The Twelfth Night) за Богојавление или Jour des Rois. На овој ден тие го прославуваат “ Мудриот Човек ” , јадејќи традиционална торта ( la galette des rois ), најчесто со листови од лиснато тесто, полнети со frangipane ( бадемова паста ). Тортата содржи грав и мали кинески знаци, кој и да ги пронајде ке одбере свој партнер и ке биде крал или кралица, кои ке носат златна хартија во форма на круна. Оваа традиција мозе да трае и до 2 недели.

Шведска

IMG_3579

Во Шведска, Новогодишната вечер најчесто се прославува во кругот на семејството и најблиските пријатели. Неколку часа пред и по полноќ, луѓето се забавуваат и вечераат, каде вечерата најчесто се состои од три оброци. Новогодишната ноќ се прославува со големи,богати огномети низ целата земја,а особено во градовите. На граѓаните на возраст од над 18 години им е дозволено да купуваат огномет и пиротехнички средства кои можат да се најдат во локалните продавници и кај приватни продавачи. Додека го следат шоуто од огномети и си ја честитаат новата година на полноќ, најчесто наздравуваат со чаша шампањ.

Израел

fireworks-jerusalem

Кај Израелците Новогодишната ноќ е позната под името Silvester ( Свети Силвестер ), таа се прославува со приредување на забави, пријателски собири, концерти и елегантни вечери во големите градоци како Ерусалим и Тел Авив.

- Реклама -