Како излезени од бајка

Некои места во светот се толку прекрасни што дефинитивно нема да погрешите ако си замислите цела бајка додека со восхит ги гледате и уживате.

Во продолжение уживајте во локациите:

Замокот Нојшванштајн, Германија

Најпознатиот замок на баварскиот крал Лудвиг II, послужил за амблем на „анимационото студио на Волт Дизни”.

Пештера Ваитомо (Waitomo Glowworm), Нов Зеланд

Малите суштества  што живеат во Ваитемо во Нов Зеланд се основниот туристички магнет на комплексот. Животните што живеат во оваа уникатна и блескава пештерата се нарекуваат Arachnocampa luminosa и го осветлуваат врвот во  внатрешноста на варовничкиот комплекс, што го прави ова  место уникатно и бајковито.

Пештери Бату, Малезија

Пештерите Бату (Batu Caves) се едни од најпопуларните и посетени дестинации во цела Азија. Овие огромни и природно карпести формации се меѓу најпознатите природни и културно религиозни знаменитости на Малезија. Со  векови пештерите Бату се  силно почитувани од следбениците на Хиндуизмот. Огромната мистична  енергија на пештерскиот комплекс се чувствува лесно.

Катедрала “Свети Василиј”, Русија

Изградбата на катедралата „Свети Василиј” или популарна како „Свети Василиј Блажени” е нарачана од Иван Грозниот, за да се одбележува успешната воена кампања против Монголите во градот Казан во 1552г. Дизајнирана е од Постник Јаколев и е изградена помеѓу 1555 и 1556г. Според легендата Иван Грони заповедал да бидат избодени очите на архитектот, за да не може да формира друга таква убава зграда, но според историските податоци тој изградил уште една катедрала во Владимир, така што  најверојатно се работи само за легенда. Катедралата изгледа како ѕвезда со осум врвови, ако се гледа од горе. Катедралата се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва.

Тунелот Вистерија, Јапонија

Ова е прекрасен  тунел, составен од бескрајни цвеќиња, кој што се наоѓа во јапонскиот град Китакуиши. Јапонците секогаш биле лидери во уметноста на уредување, па затоа и тунелот е “потопен” во естетиката на многу стилови и дизајни, а деликатната прецизност веднаш го открива традиционалното јапонско градинарството.

 

- Реклама -