Овие неверојатни фотографии од деветнаесетиот век го покажуваат американскиот запад како никогаш претходно – додека бил „откриван“. Фотографиите се дело на Тимоти О’Саливан и се првите фотографии кои ги доловиле пустите и карпести пејсажи.
Тимоти О’Саливан работел со тимови на федералната влада кои ги анализирале новите региони. Тој претходно ја фотографирал Американската Граѓанска Војна и бил еден од најпознатите фотографи во деветнаесетиот век.
Тој исто така ги фотографирал и американските домородци за време на експедицијата во шеесеттите и седумдесеттите години. Фотографиите на локалниот терен биле неверојатни – бидејќи повеќето луѓе во тоа време не знаеле ни дека постојат.
О’Саливан умрел од туберколоза на возраст од 42 години во 1882 – неколку години по завршувањето на овој проект. Тој имал специјално адаптирана кочија во која ги развивал своите фотографии. Тој поминал седум години во истражување на новите територии и создал илјадници фотографии кои сè уште постојат.