Уште од првото најавување на CES годинава јавноста со нетрпение го очекува појавувањето на Wikipad гејминг таблетот.
И иако таблетот нема да биде пуштен во продажба уште долго време, сега барем знаеме нешто повеќе за дизајнот. Таблетот минал низ неколку промени од првото најавување на CES, екранот сега е зголемен од седум инчи на 10,1 со 16:10 1280 x 800 резолуција. Способноста за 3D без специјални очила ќе биде отстрането од првата планирана верзија но постои можност таа опција да биде вратена подоцна.
Wikipad ќе има NVIDIA Tegra 3 T30 1.4GHz процесор со четири јадра, 1GB DDR2 RAM и 16GB внатрешна меморија. Таблетот ќе има и задна камера од 8 мегапиксели и предна камера од 2 мегапиксели. Оперативниот систем ќе биде Android 4.1 Jelly Bean а 23.46Wh батеријата ќе овозможи шест часа играње.
Најиновативниот дел од Wikipad несомнено е способноста за додавање на гејминг контролер со два аналогни џојстици, дирекционален крст, четири копчиња на предната страна и четири на задната. Контролерот има и опција за поврзување со извор на електрична енергија.
Производителот на Wikipad вели дека таблетот ќе има пристап до Gaikai сервисот за стримување на игри. Wikipad ќе биде пуштен во продажба кон крајот на оваа година. [Wikipad reveals specs for gaming tablet (exclusive)]