Огромен облак буквално ја проголтал градската плажа во Аликантео ги успеал многу да ги вознемири локалните жители и туристите.Настанот се случил пред нешто повеќе од еден месец, а видеото допрва ги доживува своите 5 минути, ширум светот. На истото може да се види како под белата покривка исчезнува се што ќе и се најде на патот – и покрај тоа што небото е чисто и сино и нема ниту еден облак.
Дел од оние кои што се нашле на местото помислиле дека се работи за чад од пожар, а други апокалиптичната глетка ја поврзале со огнометот приреден по повод фестивалот Лас Фајас во соседна Валенсија.
Експертите велат дека станува збор за феномен кој се случува кога студената вода од морето ќе дојде во контакт со топол воздух при што се создава густ, бел и огромен облак.
Погледнете како изгледал овој феномен: