И додека дроновите полека но сигурно влегуваат во еден куп сфери на секојдневието, реалноста е дека на планетава сé уште постојат места каде таквиот концепт е сосема непознат. На пример, во едно село во Уганда, каде Брендон Смит, кој работи за непрофитна хуманитарна организација, заминал да снима прилог. Директорот на тамошното училиште решил да го исправи тоа, па го замолил Смит да направи мала демонстрација за децата. И биднало. Погледнете ја крајно симпатичната реакција на децата:
via Центар.мк