Познатата пејачка од групата “No Doubt” Гвен Стефани и нејзиниот сопруг Гевин Роздел наскоро ќе посакаат добредојде на својот трет син!
Иако најновиот член на семејството Роздел ќе дојде на свет за неколку недели, мама Гвен била вредна па т.н. “baby shower” забава ја организирала за време на викендот.
Таа ги собрала своите пријателки Џесика Алба, Челси Хендлер, Гвинет Палтроу и Никол Ричи во хотелот „Бел Ер“ каде го прославиле престојното пристигнување на бебето во прав холивудски стил.
Фотографиите зборуваат доволно за тоа како идната мајка се потрудила забавата да изгледа беспрекорно.