Вака изгледа животот на богатите, размазени деца од Инстаграм.
Богатите деца од Беверли Хилс се членови на богати семејства, и го наследиле правото за уживање во луксузот и негрижата за „обичните“ здодевни работи како грижа за пари.
И додека многу мака мачат како да заработат пари, овие деца со тоа сигурно не ја оптоваруваат главата. Тие во едно се и актери на новото популарно реално шоу #Rich Kids of Beverly Hills, а својата секојдневница со задоволство ја објавуваат на Инстаграм.
Луксузни патувања, хеликоптери, шопинг без ограничувања и лимит, најновите модели на Ферари, шишиња шампањ, луксузни часовници и паричници се насекаде… тежок е тој живот. 😉 Но, запрашајте се дали тие воопшто се свесни за богтството во кое уживаат или им е само досадно па својот живот сакаат да го покажат на сите. Проценете сами.