Едно канадско истражување откри дека социјалните сајтови можат да
предизвикаат возвишени чувства на љубомора помеѓу романтично
инволвираните индивидуи.
Едно канадско истражување откри дека социјалните сајтови можат да предизвикаат возвишени чувства на љубомора помеѓу романтично инволвираните индивидуи.
Социјалните психолози од Универзитетот Гелф во Канада интервјуирале студенти кои биле во романтична врска и со Фејсбук профил. Нивните истражувања објавени во CyberPsychology & Behavior магазинот потврдуваат дека наместо врската да напредува со повеќе комуникација помеѓу партнерите, таа најчесто содржела повеќе љубомора со позадинско истражување на Facebook. Тука највеќе се барале доказите за неверство, нечисти мисли, фотографии и сè што би можело да означи неверно однесување.
На крајот, партнерите завршувале повеќе љубоморни отколку кога ја започнале врската и не користеле Фејсбук во комуникацијата.
Во истражувањето се тврди и дека пребарувањето за докази по Фејсбук за некои прешло во завист, односно опсесија.
Додека ова истражување е за студенти, истражувачите велат дека истата динамика би можела да се примени и во врските кај повозрасните.
Истражувачкиот тим кој го спроведе ова, претходно откри дека корисниците на Фејсбук кои бараат поголема популарност откриваат повеќе лични информации и фотографии на сајтот, отколку што тоа би го направиле при нормален социјален контакт.