Енди Шустер е професионален монтбајк триал возач. Fuji е познат производител на точаци.
Јади. Вози. Спиј. Повтори. Тоа е филозофијата на Енди Шустер во последните 15 години. Последните неколку од нив возеше тури за разни реноменирани компании и посети 14 земји на 5 континенти, меѓу кои и Македонија. Последните седум е фокусиран на монтбајкинг Trial шоуа и фото и видео проекти.
Кога Fuji го спонзорирале да сними видео, Шустер рекол дека ќе оди во Македонија.
„Бајк видео во Македонија? Ти мора да си луд! Што бараш да одиш во таква земја? Преопасно е и нема што да се види…“, биле реакциите. Тоа што во продолжение следува видео, е доказ дека Шустер не ги прочешлал ни два посто.
Еве извадок од неговата репортажа:
„Да се најдат забавни триал патеки не е некој предизвик. Фактот што 80% од Македонија се состои од планини и ридови, е видлив во секој поглед што ќе го фрлиш наоколу. Патем, не е необично на пат нагоре кон врвовите да си опкружен со мистичните молитви на минарињата, што пак те запознава со културата на религиозното малцинство во земјата, муслиманите…
Македонија уште еднаш нé остава без зборови кога дури и полицијата поминува со кола и се смее и мафта додека ‘дропувам’ ѕид во градот. Сакам да им заблагодарам и да ги пофалам луѓето од Македонија за нивната просто неверојатна гостопримливост и дружељубивост со која нé угостија за време на нашето патување
Fala (Thank You) Macedonia!“