Старата музичката индустрија е мртва. Стоиме меѓу урнатините на бизнисoт, потпирајќи се на приватни авиони, шампањ, CD за $ 18 и мултимилионски издавачки буџети.
Во моментов ја бележиме најголемата промена во музичката индустрија во последните 100 години. Се случи нешто фундаментално – и зад тоа стои генерацијата на новиот милениум.
За првпат рекордните продажби не се доволни за да се изгради кариерата на некој изведувач, и дефинитивно не се доволни за да обезбеди успех. Старата музичката индустрија се држеше очајно за продажбата за да преживее, но овој мoдел повеќе не постои.
Дури и на суперѕвездите не им е лесно. Pitbull – иако има 50 милиони фанови на Facebook и речиси 170 милиони прегледи на YouTube – има продадено под 10 милиони албуми во целата своја кариера. Тоа е реалноста на новата музичка индустрија, базирана на внимание (што брзо се губи), а не на рекордни продажби.
Зошто? Одговорот, наједноставно кажано е во генерацијата на новиот милениум. Таа ја зазеде музичката индустрија, контролирајќи ги двете работи кои што се најважни:
1. Побарувачка
Музичката индустрија е како и секој друг голем бизнис: таа оди по парите. Во последните две децении музиката се закачи на Youtube, торенти, Napster, iTunes .
Музичката индустрија се огласува на секој нов тренд и во последните неколку години веќе се соочува со состојба на слободно паѓање. Таа се фаќа за какви ли не сламки, во обид да извлече профит од остатоците на нејзините оштетени бизнис-модели.
Со сè поголемото учевство на музиката во дигиталната реалност, генерацијата на новиот милениум се истакна како нејзин доминантен корисник. Уште поважно е што тука доминира новиот пазар за музика – мобилните уреди. Тие користат музички, медиумски и забавни апликации со над 75% повеќе од другите, и социјални апликации за споделување за 20% почесто од било која друга возрасна група.
Накратко, генерацијата на новиот милениум слуша најмногу музика и го споделува тоа. Очигледно е дека потрошувачката е важна, но зошто е толку важно да го споделуваме она што го слушаме?
Старата музичката индустрија имаше јасен показател за успех на изведувачите -продажбата на албуми. Со години, продажбата на албуми бележи пад.
Сега, кога минуваме на дигитална музичка економија, се појавија нови индикатори за успех. Новата генерација уметници е на сцената – и тие живеат на грбот на вниманието и интересот, наместо да се потпираат на музички парчиња, за да ги продадат.
Вниманието на потрошувачите стана исто толку важно како нашата склоност да купуваме, бидејќи доведува до присуство на фестивали и концерти и други извори на приходи. Сепак, повторно младите не ја купуваат музиката на издавачка куќа.
Ним ова им е добро познато, па затоа компании како GUESS, Red Bull и Steve Madden налеваат над $ 1.34 милијарди во спонзорирање на музички концерти, фестивали и турнеи.
Над милијарда долари ќе бидат потрошени за можноста да се изгради односот со клиенти и да се промовираат нови имиња меѓу интернет генерацијата.
Она што продукциските куќи го разбираат совршено е тоа што музиката е важен дел од идентитетот на младите. Тоа е нешто повеќе од чисто задоволство. Музиката која ја слушаме е толку важна, колку и како се облекуваме, па одредува дури и кои се нашите пријатели.
Посетите на фестивали и концерти се израз на идентитет. Брендовите знаат дека ако можат да се идентификуваат со диџеј како Skrillex и неговата оддадена заедница на фанови, тие ќе имаат нешто многу повеќе од краткорочното внимание на корисникот. Нивниот бренд ќе стане дел од начинот на живот на фановите.
Крајниот резултат е дека музичката индустрија и големите брендови одат по новата генерација уметници; изведувачи, кои можат да привлечат и да го задржат вниманието – наместо да продаваат албуми.
2. Понуда
Сè што е потребно за да биде создаден современ запис, е компјутер и достапен софтвер за снимање. Една од најмоќните професионални дигитални аудио-работни станици е Logic Pro на Apple, кој чини само 200 $.
Во DAW има виртуелни инструменти како пијана, синтисајзери и тапани, како и сите потребни алатки за уредување, монтажа и обработка на аудиозаписите.
Повеќето од опремата неопходна за креирање на музика, е интегрирана во DAW, со тоа што софтверот е лесен за употреба. Крајниот резултат е изведувачите да создаваат музика полесно, поефикасно и поевтино отколку во кој и да е друг момент во историјата.
Gotye ја создал песната “Somebody That I Used to Know” во домот на родителите во Мелбурн, Австралија. Продуцирано од него самиот, музичкото парче го достигна врвот на топ-листите во над 23 земји и беше во првите 10 во над 30 земји во светот. Кон крајот на 2012, песната стана најдобро продаваното парче на годината со продадени 11,8 милиони копии што и придава место меѓу најдобро продаваните дигитални синглови на сите времиња.
Млад холандски продуцент, Мартин Гарикс, го достигна врвот во над 10 земји со суперхитот “Animals”, кој го продуцирал и издал на 17-годишна возраст.
Генерацијата на новиот милениум ја познава генерално доста добро оваа технологија.
Побарајте, на пример, “How to use Logic Pro” на YouTube и ќе најдете илјадници бесплатни лекции и водичи. Сајтови како Reddit содржат цели заедници со десетици илјади членови кои се посветени на учење на уметноста на создавање и продукција на музика.
Технологиите се евтини, а ресурсите за висококвалитетна обука – бесплатни. Како резултат на тоа дел од музичките имиња постигнуваат неверојатно успешни записи без воопшто да стапнат во студио во својот живот.