Како е создаден митот дека мачките имаат девет животи

Со векови луѓето обожавале мачки, се исплашиле од нив и ги сметале за волшебни суштества. Митот за повеќекратни животи на мачки постои низ целиот свет, но не е секогаш девет животи, а бројот варира низ културите.
Една стара англиска изрека објаснува дека мачката има три животи со кои треба да си игра, три да талкаат и три да останат со својот газда. Сепак, науката сугерира дека како и другите живи суштества, мачките имаат само еден живот.

Митот дека мачката има девет животи потекнува од египетската култура и религија. Египетскит бог на сонцето Ра често е прикажуван како мачка. Се верувало дека тој ја зема формата на мачката кога го посетува подземниот свет. Легендата исто така зборува дека Ра од своето тело изродил осум богови кои претставуваат девет животи во еден.

На мачките најчесто им се препишуваат девет животи, затоа што бројот девет се претпоставувало дека е магичен број. Во стара Грција бројот девет се однесувал на светото тројство и натприроден број кој ја повикува традицијата и религијата. Бројот девет во Кина се смета за среќен број и многу е застапен во митологијата за кинеските змејови. Ама во Германија, Грција, Бразил и во некои земји од шпанско говорно подрачје се верува дека мачките имаат седум животи, додека турските и арапските легенди истакнуваат дека тие имаат шест животи.

Вилијам Шекспир го користи изразот за мачки и нејзините девет животи во драмата „Ромео и Јулија“. Кога Тибалт роднината на Јулија го прашува Маурицио пријателот на Ромео што ќе прави со него, а тој му одговара: „Добар кралу на мачките, не сакам ништо освен еден од твојте девет животи.“

Некои луѓе веруваат дека митот за девет животи е поврзан со способноста на мачката секогаш да застане безбедно на нозе. Мачката има флексибилни коски и лигаменти, што и помага да издржи минимални повреди од многу различни несреќи. Благодарение на својата исклучителна умешност, рефлекси и еластичност, може да издржи паѓања и други големи катастрофи, но исто така може да се справи и со поопасните противници.

 

- Реклама -