Како е да се биде жена на чело на нарко-картел?

kako-je-to-biti-zena-na-celu-narko-kartela-body-image-1444210732-size_1000

Не е лесно да се прошета со Ракел Сантос де Оливеира по падините на Росиња, фавела во Рио. Секој час некој од фавелата ја запира оваа педесетгодишна жена да ја поздрави, се менуваат пијаници, постари госпоѓи и членови на банди. „Доколку овде прашате кој било дали јас сум „бандида“ (дилер на дрога), ќе ви каже „да“, вели таа. „Но сепак ме почитуваат“.

Ракел е родена во Росиња, најголемата фавела во Бразил, и во краток временски период во својата бурна историја, таа е најмоќниот човек овде. Како втора половина на нарко босот Едналдо де Соуза, Ракел стана главна пред да биде поставен нов водач, откако во 1988 година во крвава пресметка со полицијата загина Едналдо.

kako-je-to-biti-zena-na-celu-narko-kartela-body-image-1444210759

Во Рио, многу е невообичаено за една жена, да игра толку важна улога во трговијата со дрога. Криминалниот зенит на Ракел се случува во време кога Росиња (и Рио воопшто) е преплавена со кокаин. Едналдо (попзнат како Налдо) е меѓу првите кој ги користи автоматските пушки наместо лесното вооружување, како што се пиштоли и револвери. Полицијата се вклучува во оваа трка во вооружување, кога војната меѓу неа и спротивставените нарко-дилерски фракции силно ескалира. Ова е во периодот на почетокот на деведесеттите,

Забегувањето на Ракел во зависност од кокаин и екстремно бурниот живот кој го водеше, придонесе до тоа кон крајот на деведесеттите да побара да се повлече од картелот. Нејзината желба се исполни. По неколкугодишна терапија и лекување од дрога, таа и натаму живее во Росиња. Напишала полу фиктивна книга објавена во Бразил под наслов „Број еден“, во која раскажува за нејзината романса со Налдо и за сеќавањата на тоа време.

Вајс: Здраво, Ракел. Како се запозна со Налдо?

Ракел Сантос де Оливеира: Се запознавме како деца, беше една година помлад од мене. Тој беше задолжен за наплата на коцкарските долгови и им ги носеше парите на моите чичковци. Секогаш зјапаше во мене. Беше грд, но имаше огромни, преубави очи. Тој почна да ме следи наоколу, но ме сакаше како што момчињата ги сакаат своите учителки, бидејќи бев постара од него. Повторно го сретнав кога имав 15 години, а тој веќе бил вооружен и веќе изгледаше како да припаѓа на некој друг свет. Се споивме кога јас имав 25 години, кога излегов од лош брак, со две мали деца.

Како беше да се живее со него?

Тој имаше биполарно растројство и тежок вид на депресија. Знаеше да спие во моите раце, но знаеше и да биде суров кон другите. Дилерите на дрога во краток период го минуваат патот од рајот до пеколот. Во рок од три години, уништи се` што имаше. Беше бескрајно анксиозен, но ние живеевме во тој – еден миг, апсолутно без страв. Никогаш не бевме тажни. Кога бевме сами, дувавме трева и се зезавме. Беше тоа нормален живот, но во рамките на таков систем.

kako-je-to-biti-zena-na-celu-narko-kartela-body-image-1444210793

Опиши ни го вашиот типичен ден.

Кога живеев во куќата на мајка ми, ќе се разбудев и чекав да го слушнам звукот на неговиот хеклер, тој го нарекуваше „Жувелина“. Тоа значеше дека е време за будење. Кога ќе се стемнеше, одевме во бока де фумо (местото каде што се продава дрога). По некое време изградивме и прекрасна заедничка куќа, но сè беше уништено во полициската акција, фотографиите, накитот, облеката, буквално сè.

Имаше ли голема конкуренција меѓу другите жени?

Во тие денови, да се биде жена на дилер на дрога беше како да си жена од високи општествени кругови. Жените имаа обичај да ги бушат кондомите за да забременат со некој од нив. Не се плашев од конкуренцијата. Бевме како деца што заедно го откриваат светот, ниту тој ниту јас никогаш не сме доживеале таква љубов, беше нереално.

Околу детство во Росиња?

Пораснав на улиците. Со своите 11 години веќе носев колт калибар 38. Голем дел од времето го поминував во Копакабана, во домот на едно богато семејство, во кое мајка ми работеше како чистачка. Разликата помеѓу овој дом, полн со прекрасни работи, и Росиња е болна. Се сеќавам како низ прозорецот во Росиња ги гледав сите расправии, бучава и хаос, немаше дилема околу тоа дали сакам да си одам од таму или не. Во седумдесеттите години, голем број луѓе од североисточниот дел на Бразил одлучија да работат во Росиња како градежници. Ноќе моравме да се чекаме  ред за вода, немаше струја и некои луѓе ги нудеа своите деца за проституција, со цел да преживеат.

Што се случи кога го убија Налдо?

Во тие моменти, едноставно не сакав да живеам. Кокаинот ме анестезираше.  Ме посети еден човек со кеса во која имаше 300 грама кокаин, марихуана и оружје и ми продолжи да ја водам работата.

Станав главна.

Зошто се повлече?

Бев сведок на многу крвави убиства. Сè ми се собра, и реков, доста е.

Зошто во организираниот криминал во Рио толку доминираат мажите?

Во Росиња е така затоа што мажите секогаш доминирале со „жога до бич“ („животинска игра“, илегална коцкарска операција која претходеше на трговијата со дрога во Роселиња и во другите фавели и која беше главен извор на моќта). Трговијата со дрога влече корени од таму. Жените во тоа време беа безвредни. Често беа понижувани и силувани. Мажите ќе внесат некоја жена во куќа, ќе се надуваат, и потоа дваесеттина ќе и`се изнаредат. Дури и денес, некои жени ќе ти го испушат за едно пакетче кокаин. Со еден збор, беа третирани како безвредна стока, потрошен материјал. Дури и автомобилите се третираа со внимание и љубов.

kako-je-to-biti-zena-na-celu-narko-kartela-body-image-1444210927

Како успеа да стекнеш ваков респект во еден таков свет?

Бев убава, но и агресивна. Пораснав како момче. Ја врзував косата и ја криев под капата. Од ништо не се плашев, а таква сум и сега. Бев заебана. Луѓето се плашеа од мене. Имав свои правила, на пример, никогаш не дував на „Бока де Фумо“. Имав свои принципи. Имав 19 подредени.

Што те инспирираше да почнеш да пишуваш?

Газдата на куќата во Копакабана во која мајка ми работеше како чистачка ми читаше кога бев малечка. Ми се допаѓаше тоа, иако не разбирав ништо. Тој имаше многу книги, а јас секогаш сакав да читам. Тоа за мене беше начин да избегам во некој друг свет.

Што те натера да ја напишеш книгата „Број еден“?

Терапевтот ми препорача да пишувам за мојот живот за да можам да се справам со емоциите. Ми требаа речиси две години. Плачев многу. Кога уредникот ми рече да напишам поглавје за моето детство, цела ноќ шмркав кокаин, и ми беше многу лошо. После тоа, два дена не станав од кревет. Покрај сè, сакав да го демистифицирам овој живот. Не сакам ова да звучи како извинување, но сакав да покажам дека и дилерите на дрога се луѓе, кои најчесто доаѓаат од тешка сиромаштија.

kako-je-to-biti-zena-na-celu-narko-kartela-body-image-1444210988

Зошто станува збор за белетристика, а не за биографија?

Овој роман што се базира на еден реален живот, а за автобиографија, јас не сум кој знае кој, јас сум само една бивша дилерка.

Колку приликите во Росиња се променети?

Отако се појави полицијата работите се изменија. Има конфликт на интереси. Дилерите ги разгрануваат своите интереси на други производи. Некогаш сите бевме едно големо семејство, сега има само неколку богаташи.

Како изгледа твојот живот сега?

Денес сум среќна, го најдов мирот. Долго време не чувствував ништо. Сега студирам и напишав книга. Посетувам постдипломски студии и сакам да влезам во политиката и да го трансформирам системот во Росиња.

Вајс

- Реклама -