Денеска хостерите имаат полни раце работа. Речиси секоја втора реклама на Јутуб е Хостгатор или Блухост, што значи дека се трошат милионски суми за маркетинг, што пак значи дека тие многу заработуваат. Ова не би можело да се случи без квалитетен тим, кој секојдневно треба ги решава проблемите на милионите веб-страници поставени на нивните сервери. Станува збор за вработени кои речиси и да немаат работно време. Тие се од оние генијалците кои за саат време завршуваат работа која никој не би помислил дека може да се заврши за цела недела. Оние монструмите кои ноќе работат, дење спијат или играат Дота, од оние кои не постои плата со која би ги заглавиле во канцеларија од 8-4. За таа цел БлуХост, на своите вработени им обезбедува услови кои обичниот вработен не може ни да си ги замисли. Теретани, масажи, фудбалчиња, ПлејСтејшни, базени, билијарди … Дај бе да поработам малце… сè им изедов на овие …