Како другар се радувам за Венко, ама не се радувам за СДСМ, порача Деспотовски

„СДСМ е голема и слободарска партија. Им благодарам на сите кои гласаа, но им благодарам и на оние кои излегоа, а не им беше дозволено да гласаат, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија, не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори. Зошто на тие 10 илјади членови не им беше дозволено да гласаат и зошто оние кои излегле, биле вратени. За резултатот немам коментар“, рече тој

Де радувам за Венко Филипче, зашто ми е другар, ама не се радувам за Социјалдемократскиот сојуз. Ова денеска по прогласување на Венко Филипче за нов лидер на СДСМ, го изјави Јован Деспотовски, кој беше еден од кандидатите на внатрепартиските избори, посочувајќи дека не може да се зборува за избран претседател на партија кога на 10 илјади члена не им било дозволено да гласат, а како што рече, е избран преетседател на СДСМ со 9 илјади гласа.

Фото: Принтскрин

„СДСМ е голема и слободарска партија. Им благодарам на сите кои гласаа, но им благодарам и на оние кои излегоа, а не им беше дозволено да гласаат, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија, не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори. Зошто на тие 10 илјади членови не им беше дозволено да гласаат и зошто оние кои излегле, биле вратени. За резултатот немам коментар. Како другар се радувам за Венко ама не и за СДСМ. И вечерва зградата е празна и тоа треба да не загрижува“,

рече Деспотовски.

Претходно ја повика Централната изборна комисија (ЦИК) и партиските органи да обезбедат одговор на неговите прашања.

„Како ни се случи над 10 000 наши члена кои се регистрирале за гласање, односно изразиле иницијатива да учествуваат во изборниот процес, да не можат да го остварат своето право на глас? Како ни се случи на голем број наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?“,

праша тој.

Деспотовски најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.

И третиот кандат во внатрепартиските избори Александар Бајдевски се обрати на партиската говорница, му честиташе на Филипче за изборот и порача дека од утре веќе треба да почнат да се занимаат со работата на ВМРО-ДПМНЕ и со работата на новата влада.

„Требаше да се одржи конкресот, кој не се одржа, каде ќе се утврдеа причините за поразот на 8 мај. Тоа можеби допринесе за еден мал одзив на овие избори“,

заклучи тој.

Од ЦИК вечерва соопштија дека од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот се излезени 12 608 или 54 отсто од запишаните. Од нив, Венко Филипче има 9 052 гласа, Александар Бајдевски 905 гласа, Јован Деспотовски 2 705 и Славјанка Петровска 190 гласа.

- Реклама -