Свртете го со дршката надолу, тргнете го од сонце и не ставајте го во фрижидер.
Веројатно многу пати до сега сте прочитале дека доматите не треба да ги чувате на студено место, особено не во фрижидер, затоа што лошо реагираат на ладно – стануваат меки, а мембраните на неговите ќелии бргу се оштетуваат и поради тоа го губат вкусот. Треба да ги чувате во релативно топла и темна просторија и што подалеку од сончева светлина.
Меѓутоа, освен овие, постои и еден многу интересен начин како доматот што подолго да остане свеж. Треба да го свртите наопаку, со дршката надолу. Искусните готвачи велат дека така се отежнува протокот на воздух во неговата внатрешност што го расипува и го забавува испарувањето на влагата.