Како да знаеме дали бебето плаче од болка или само онака

За повеќето родители е тешко да разберат дали нивните мали деца чувствуваат болка или не, со оглед на тоа што бебињата плачат исклучително често.

Како сепак, да препознаете дали вашите најмили имаат некаков проблем? Ново истражување испитуваше 333 возрасни луѓе, кои беа тестирани да препознаат дали едно бебе плаче од болка во зависност од звуците кои ги испушта, пишува Science Alert.

Учесниците во експериментот требало да слушнат аудио записи на 5- до 10-месечни бебиња и да типуваат дали бебињата плачат бидејќи се гладни, одвоени од своите родители, добиваат вакцина, дали се нахранети или едноставно си играат. Излегува дека возрасните јасно препознаваат кога бебето има некаков проблем, но не и каков точно е истиот.

bigstock-Baby-Crying-5482985

Вештината да ја препознаеме нивната болка се развила природно од еволутивна гледна точка, коментира Џули Грос-Луис, психолог од Универзитетот во Ајова.

„Постојат хипотези според кои негативната вокализација има директен ефект врз вниманието на слушателот.”

Верувале или не, долги години медицинските професионалци верувале дека бебињата едноставно не чувствуваат болка. Очигледно, тие биле во грешка, па така многу мали бебиња биле изложени на непотребни страдања, бидејќи не биле третирани соодветно. Иако тоа веќе не е така, новото истражување открива дека додека повеќето бебиња се подложени на 11 болни процедури секој ден на интензивна нега, помалку од 40 проценти од нив добиваат некаква болка.

„Имаме потреба од подобри методи, преку кои што ќе ја мериме болката на бебињата, ако сакаме да развиеме поефикасни третмани“, дополнува Ребека Слејтер, невролог од Универзитетот во Оксфорд. Слејтер користи слики на мозокот, за да ѕирне во главите на новороденчињата и да ја подобри контролата над болката. Со функционална магнетна резонантна томографија таа покажува дека бебињата поседуваат сензори и емоционален капацитет, за да доживеат болка на истиот начин како и кај постарите луѓе. Потоа таа истражува дали може да се користи морфиум за ублажување на нивните страдања.

1421876680_grace-gerber-baby-zoom

„Ние настојуваме да ја потценуваме болката кај бебињата. Делумно тоа е така, бидејќи е тешко да ја измериме – коментира Слејтер.

„Тие не можат да ни кажат каде ги биле, тешко е да процениме дали лекот делува или не. ” додава таа.

Слејтер и нејзините колеги се обидуваат да го променат тоа, со тоа што покажуваат дека мозокот на бебето се активира за време на болни процедури.

„И покрај сето ова знаеме исклучително малку за тоа кои делови од мозокот на најмалите се поврзани со испитувањето на болката и како оваа информација се толкува”, вели таа.

Сето ова е од особено значење, бидејќи болката во раното детство може да има долготрајни последици врз однесувањето и когнитивните ефекти. Вклучувајќи – промена во микроструктурата на мозокот, послаби когнитивни резултати и помал коефициент на интелигенција.

Во видеото во прилог, Слејтер раскажува во детали за своето истражување:

- Реклама -