Колку пари оставате во просек кога одите во супермаркет – 200, 300 или 500 денари? Или можеби повеќе?
Еве неколку чекори кои можат да ни помогнат да заштедиме пари:
1. Достапност – знаете ли што имате во фрижидерот и кујната?
Дали некогаш сте посакале да купите одреден производ и откако ќе се вратите дома, да сфатите дека го имате? Тоа би можело да заштеди пари. Проверете убаво, пред да посегнете по паричникот и „торбата“
2. Купувајте само еднаш неделно
Идејата е дека колку помалку шопинг – толку поголема заштеда. Да, износот за неделен шопинг е голем, но сигурно ќе беше помал од седум посети во продавницата.
3. Најдолната полица
Дали знаете дека најчесто купуваме производи кои се изложени на полиците, на нивото на очите? А пак оние со најниски цени, и најверојатно најмал профит за супермаркетите, се наоѓаат на долните полици.
4. Подготвено за во кујна
Во продавниците веќе можеме да најдеме сечено овошје и зеленчук, подготвено за готвење или непосредно консумирање. Тие сепак држат повисока цена. Затоа е подобро самите да го подготвиме.
5. Промоции
Во случај да забележите често користен производ, не двоумете се да го купите во поголема количина. Според експертите, промоциите се цикличен процес, односно тие можат да се повторат повторно по 2-3 месеци.
6. Програми за лојалност
Веќе голем дел од супермаркетите во земјата нудат картички со кои можете да купувате одредени производи по намалени цени. Искористете ги предностите од нив.
7. Купувајте сами
Колку е поголемо друштвото со кое пазарувате, толку повеќе ќе плаќате на благајната. Оставете го партнерот или децата пред да влезете во продавница.
8. На полн стомак
Научно е докажано дека во случај да сме гладни, сметката во продавницата ќе биде повисока во споредба со онаа ако пазариме после ручек или вечера.
9. Каде е …
Научете добро каде се наоѓаат вашите производи, затоа што шетањето ќе ја напумпа вашата сметка дополнително. Попатно ќе изнакупите уште илјадници други работи кои што реално не ви се потребни.
10. Големината на количката
Во случај да пазарите со голема количка, тоа може да го зголеми вашиот профил со до 40%. Затоа е подобро да имате мала кошница, или дури и без кошница.